Што е разликата меѓу скапи и евтини фармерки

Ако често ги носите истите два-три пара фармерки, ви текнало дека е најверојатно паметно да се инвестира во скапи и да се заврши работа?

Не дека е некое измислување топла вода, ама фино е да се размисли. Само што, и фармерки за 20 евра некогаш знаат да бидат најдобрите што ги имаме во плакар. И да не се забележува некоја посебна разлика меѓу нив, и да речеме фармерки од 100 евра.

Тин Вог има видео за разликата меѓу првите и вторите, плус денес ќе учиме дека постои нешто што се вика „експерт за тексас.”

Експерт за тексас, бе. Кога и како ли стигна да се појави потреба од таа професија? И мора ли овој да е така глупо застанат и облечен?

На страна естетските проблеми на експертот за тексас, да видиме дали имаме аргументи за инвестиција во скапи фармерки (најверојатно да).

8 март 2019 - 00:00