Вива ла Вулва!

Годинава, Либрес - компанија за производи за женска хигиена во сопственост на шведската фирма Бодиформ, доби награда „Стаклен лав за промени” во Кан бидејќи излезе како прв бренд од овој тип што искористи црвена крв во реклама.

Да се потсетиме, во рекламите за влошки крвта е секогаш плава. Тоа може некој да си го преточи во комплимент, ама многу добро знаеме дека нема врска со комплимент.

И не запираат тука. Продолжуваат со една мелодична кампања со распеани „усни” за славење на разноликата женска анатомија.

Врие од метафори, од овошје до оригами и морски плодови, насловот е „Вива ла Вулва” и гази по стереотипи, со пораката дека „централното подрачје” не може да биде несовршено.

Пораката е: Постои само една совршена вулва. Твојата!

И можеби очекувате некоја екстремна, феминистичка крајност, ама многу брзо ќе ви стане јасно дека ова е тој правиот феминизам. Супер е:

 

4 јануари 2019 - 14:19