Неговиот професионален почеток е поврзан со Македонската телевизија по што учествува во самото формирање на информативната редакција на ТВ Сител. Неколку години работи и како уредник на вестите во телевизијата Канал 5. Во меѓувреме реализира и неколку авторски емисии во наведените тв куќи, по што решава да го напушти светот на вестите и да се префли на помирни тв проекти каква што е емисијата "Храна и вино".
Со неговото заминување, македонската сцена изгуби едно од најпрофесионалните и најкоректни журналистички имиња чија уредничка обука имаа среќа да ја минат добар дел од актуелните новинари во многу информативни редакции.
Силјановски имаше страст за својата работа но судеше одмерено а на оние што работеа со него, со личен пример им покажа дека не е толку тешко истовремено да се биде и писмен и чесен и храбар новинар и човек.
Имаше 47 години и зад себе остави еден малолетен син.
Дуле, пријателе мој драг, беше врвно задоволство да се работи и да се мези со тебе. Почивај во мир.
Трендо