погледи

Зошто ЕУ е исклучителна на Балканот

Македонија е исклучок кога се работи за право на една земја да го одбере сопственото име за да влезе во ЕУ. Србија е исклучок за уценување на земја да признае дел од својата територија (одземена со меѓународно дозволена агресија) како посебна држава за да влезе во ЕУ.

Турција е исклучок во поглед на тоа колку долго една земја кандидат може да чека пред да стане членка на ЕУ.

Бугарија и Романија се исклучок од земјите кои не се целосно подготвени (според ЕУ стандардите) да влезат во Унијата па сепак да им биде дозволен влез.

Грција е исклучок од земја која мора да продава државен имот за да ги врати долговите и да остане во ЕУ.

Кипар е исклучок околу ЕУ одобрените екстра даноци за граѓаните за да gи зачува банките.

Дали затоа ЕУ е толку исклучителна кога се работи за Балканот?

Александар В.

 

22 март 2013 - 08:36