Одам на матичен лекар на преглед и докторката ми вика оди кај сестрата да ти закаже на специјалист. Одам кај сестрата и она гледа на мој термин и ми вика извини ама нема слободни термини дојди повторно за една две недели ќе пуштат нови термини. Одам по две недели и сестрата ми закажува за по месец ипол. Јас јаден што да правам видов невидов си платив 1500 денари за преглед во Неуромедика отидов во 9 саат сабајле ми рекоа докторот е втора смена почнува од три има слободен термин кај него во три може да те прегледа.
Откако ме прегледа докторот ми рече твојот проблем се решава за 5 минути со едноставна операција и си одиш дома веднаш по операцијата. Ми кажа цени во други приватни клиники во Неуромедика и ми се понуди ако немам толку пари да се јави кај некој негов пријател во Воена болница ама тоа било тешко но не и неизводливо заради тоа што се стегнати од министерот. Од понудите Неуромедика беше најевтина но сепак не беа малце пари па прашав колку е на приватно во државна болница и беше малце поевтино од Неуромедика па се одлучив да одам во државна болница со пари да го прескокнам Мој термин и ми ја направија операцијата за неколку дена.
А додека бев во државна болница на пластична хирургија бидејќи таму хирурзите ги бие глас дека се највнимателни и навистина е така од искуство зборам што да видам, девојка оди преку Мој термин со опериран прст, пред неа влегуваат други кои си плаќаат приватно и имаат број од докторот меѓу кој бев и јас а проблемите на тие што плаќаат приватно апсурдни; кога стигнав јас на ред докторот излезе од ординација и почнаа сите сестри да влагаат во ординацијата да ја видат пациентката, докторот од срам ми вика тоа е, цел ден цицки и газови оперирам.
P.S. Поздрав до реформите во здравстото и ве молам истото да го направите и за образованието ниско, средно и високо.
Никола