Утрово, 08-ми април 2016, почина Ристето. Златко Ристевски беше најдобриот диџеј и познавач на музика што јас го знам, а знам многу диџеји и познавачи на музика, верувајте.
Ристето беше резиденет диџеј во Порта и Порта Џез во Битола во изминативе 20 и нешто години и беше саундтракот на нашето растење и дружење таму. Тие што беа таму и го познаваа знаат за што зборувам, а за тие што не го знаеа се надевам дека имаат некој кој барем малку има осет за добра музика како Ристето.
Почивај во мир, пријателе.
Пеце