ПРЕДГОВОР: Отидов некни у кино, овој филмов се прикажуваше со џедаите, па си реков чекај да видам што пиздарија напраиле Џ.Џ Абрамс и Кејтлин Кенеди (позната и како долгата рака на Лукас, Џорџ Лукас). Ко што е ред нели за да комплетно се испочитува ова дело, си зедов за слобода да прошверцувам и две пивца, Скопски се разбира, јер јебеш ти филмска уметнос ако нема конзуменција на алкохол. Тоа што пивото генерално не го рачунам за алкохол е сасвим друга прича што нема да ја начнам у овој пост, него само ќе направам изговор дека ракијата се потроши уште при целата еуфорија со договаранкиве у Пржино и периодот непосредно после тоа... Него да се вратиме на темата... Во киното кога стигнав се пријави дека е таму и другарчето Дризи, па си реков чек ќе го дружам. Седнав до нив (Неготинци) а кратко пред почетокот и некои другарки нивни (Кавадарки) дојдоа па се турија одма до мене. Од прва се израдував си реков е сега ќе падне ракија, јал Неготинска, јал Кавадаречка, али некако не падна, па едното пивце го проследив до Дризи, јер јебеш и „алкохол" ако не се сподели со некој. А мене ко што ме дал Господ цел живот све нешто балансирам, па така беше и у овој случај, Неготинци од една, Кавадарчанки од друга страна, а ја у средина.. класика...
И така филмот почна, све супер, се примети дека овојпат конечно решиле една СФ прича да не ја усерат, и се виде одма дека балансот меѓу ефекти, дејствие и тематика е идеален и одржан во златна средина. И така си траеше филмот, ја си го отворив пивцето некаде на средина, и го испив нормално, и ондак ми се случи нешто чудно. Не знам како да го опишам поинаку тој напад на емоции и откровение освен дека бев дотакнут од Силата у тие моменти, пошто како што реков мене пиво никад не ми отварало посебни перцепции на филозофирање, несразмерно на испиената количина. Па така у текстот што ќе следи ќе пробам да ви го доловам тоа мое откровение и у старт ви препорачувам дека испиена чашка жестоко нема да ви бидне на одмет, јер нема да биде лесно, пошто со малце зборови ќе се потрудам да покријам све.
ЗА МАКЕДОНСКИОТ ОТПОР, ЏЕДАЈСТВОТО И ТЕМНАТА СТРАНА...
Одма од старт да расчистиме, мора да се каже дека причата наречена Војна на Ѕвездите (Star Wars што би рекле некои други) е интергалактичка и ни е пренесена нам, хуманоидите, со интергалактичка комуникација многу одамна, пред 4000год. Сето тоа започнало тука кај нас, на овоа парче наше земја и небо, денеска познато како Р. Македонија, и е трајно вплетено во нашиот код на духовно културно наследство а нишки на испреплетување се протегаат во сите останати култури и народи што опстојуваат на оваа планета у моментов. Како кулминација нели и Америте со нивната необјаснива желба за целава оваа Војна на Ѕвездите еуфорија.
Поточно сè започнува на Кокино, кога таму пред 4000 години слетува Корелианскиот товарен брод со ознака YT1300, управуван лично од Хан Соло како пилот и Чубака (припадник на видот Вуки) помошник пилот. На овој брод се наоѓа и главниот господин Јода, еден од ветераните тренери на Џедаите, кој загрижен за иднината на Силата у својата галаксија решава да го посее знаењето и семето на Силата и во другите галаксии, па ете така дошле и тука кај нас. У тоа време луѓето појма немале што се дешава надвор од оваа планета и биле комплетно затекнати од овоа слетување и си бркале секој своја прича, претежно одгледувајки говеда и бркање жени преку река од другото племе. Понекад кога некој ќе ја докачел жената на поглаварот доаѓало и до племенски војни, како таа опишана у случајот со Троја, не така далеку од овде. Кога овие слетале и им пристапиле на локалните жители, овие виделе дека нема жени на бродот па настапиле крајно другарски и опуштено со нив и Јода тогаш споделил многу знања за Вселената, галаксиите, Силата и Темната Страна со нив. Овоа е многу добро поткрепено и анализирано од еминентни светски алиенолози во едно видео (ref. History Ch II video) и тоа е момент во историјата кога луѓето се стекнуват со некои вонземски знања и оттаму наваму све се менува. Јода исто така проценил у тој момент дека луѓето немат потенцијал за да поседуваат од нивната технологија, па така тој дел од знаењата не се проследени, пошто нели светлосен меч е многу напредно оружје кое би го имал у рака кога би отишол да се расправаш за жена у соседното племе, или со брата си за меѓата на пример.
И така е изградено Кокино, како еден трибјут за оваа посета и почит кон знањата што се пренесени од оваа интергалактичка средба, а секако дека и Јода и екипажот земале нешто назад и оттогаш наваму овој Корелиански товарен брод е познат и под името Милениумски Сокол (поклапање со 2000год пне. и омилената птица во тој крај). Овие знања и вештини луѓето почнале да ги практикуваат на дневна база со помош на изградената опсерваторија и тоа траело цели 500год. Во тие 500 години е изграден цел култ и однос кон Темната Страна и Силата што може да се примети во сите археолошки артефакти ископани на Кокино (цели 5Т претежно керамика) во денешно време во посед на музејот во Куманово. После тие 500 години просперитет и благодет за таа племенска заедница која во тој временски ранг веќе преминува на ниво на културна заедница се дешава тежок лом, највероватно пиздарија како земјотрес (општо познат 500год циклус на овие простори). Преживеаните тогаш увиделе дека не е добро локализирано да се чуваат знања, па решиле да го рашират сето тоа колку што може повеќе низ сите краишта на во тоа време познатиот бел свет. И од таму тргнуват овие мисионери и сето тоа се пренесува во сите тогашни познати култури како се знаело и умеело.
Ведите, на пример, се меѓу првите што почнале пишано да говорат за овие вселенски вистини, меѓутоа понатака тоа е преземено од Вавилонците, кои пак како народ биле многу склони кон девијации и направиле еден куп модификации. Египќаните исто така потпаднале на овие лажни учења па си изградиле и цели храмови во кои може да се види една мала нишка од Кокино, меѓутоа веќе овие зданија наместо да служат за трибјут на Силата станале центри на Темната Страна. Па така Вавилон и Египет биле краjно забегани од учењата на Јода. Паралелно на сето тоа една хард корд фракција сепак во најстрога тајност останала овде и пренесувајќи ги од генерација на генерација овие знања се погрижиле да бидат носители на Силата низ сите тие мрачни времиња за да се запази фундаментот и кодот проследен од Јода. Кога оваа фракција дознала за развојот на настаните и подемот на овоземската Темна Страна, како кај Вавилонците така и кај Египќаните, решиле да се организират и да го вратат Вселенскиот поредок на планетата со тоа што Филип почнал со подготовки на интелектуално-воена кампања. Во негово време со леснотија го е покорил целиот Балкан бидејки е бил јак носител на Силата, ама бил свесен дека е помалце и хендикепирано-ограничен човек, па така главните случувања му ги зацртал и препуштил на својот син, Александар Македонски.
Александар Македонски е прича сам за себе. Кај него личната мудрост и влијанието на Силата биле големи, и Он, нелимитиран од физички хендикеп како татко му, за кратко време е остварил огромен успех во ресторација на учењата на Јода. Сето тоа не било така случајно. Сите тие фундаментални знања за Силата, Вселената и борбата против Темната Страна кај него биле многу јаки и не за џабе Он е постигнал толку голем успех за толку кратко време. До ден денес се чудат многу видни филозофи и научници како е тоа било могуќе. Он, со не многу човечки, а и материјални ресурси, но со посредство на чистите знања на Јода, успеал да зададе големи порази на Темната Страна и да уништи голем дел од нејзиното влијание. Паднале и Вавилон и Египет а исто така се потрудил да ги поучи и просветли сите тие новопокорени народи кон правите учења како би се вратиле на правиот пат. Иако неговиот живот бил краток (како што знаеме, Темната Страна го е доквакала највероватно преку подмукол комарец), неговото влијание останало векови после него. Па така во просветлениот период после него се пројавиле Аристарх од Самос и Хипарх од Никеја кои го задале моделот на Соларниот систем а вториов чак е успеал и да го израчуна радиусот на планетава со помош на многу прост премер. Темната Страна сепак возвратила удар преку Римјаните, Јулие Цезар најконкретно, лично и персонално одговорен за првото спалување на библиотеката у Александрија каде голем дел од тезите и учењата на филозофите од пост времето на Александар останале запишани. Силата сепак се е воздржала во друга форма и влијание во тоа време како контра тежа на Римјаните преку строго спиритуалното и духовно движење на Исус. Јер до тогаш веќе овие фундаменти на Силата биле до толку просветлени да увидат дека на сила генерално ништо не се мења долгорочно, и учејќи од искуството на Александар, се пројавиле у друга форма на егзистенција.
Исус у старт е бил многу впечатлива фигура. До ден денес има безброј варијанти и тези поврзани со неговите учења, меѓутоа фактот дека Он од самиот момент на зачнување е определен на страна на Силата е неоспорен. Тоа можда е првиот момент да една овоземска жена, позната и како Марија, бидне импрегнирана од страна на Силата, со цел да плодот од неа излезе чист и неосквернавен од Темната Страна. За делото на Исус нема многу да говорам, неговото влијание и посветеност на Силата се останати до ден денешен. За време на неговиот живот, посветен крајно кон духовните аспекти на Силата е покажал големи моќи за да им ги илустрира тие знаења на обичните смртници. Па така е претварал вода у вино, лечел болни, а чак и умрени е враќал у живот, а дел од овие знања им е пренел и на своите први ученици, наречени и апостоли. Тие оваа света должност и знаења подоцна ги демонстрираат и прошируваат низ целиот тогашен познат свет. Овој импакт, пред сè пошто се е пројавил во немилитарна форма ги е дочекал Римјаните тоталка неспремни и им промакнал од нивната перцепција. Подоцна кога дознале за овие учења, под дејство на Темната Страна, комплетно го распнале Исуса, а неговите ученици-апостоли понатака ја превземаат улогата на духовни просветители и ги шират учењата и моќите на Силата . Овој духовен пристап, комплетно го начекал целото милитаризирано Римско царство на волеј, и промакнувајќи се низ сите глувчешки дупки го е освоил, со комплетна кулминација, а подоцна и капитулација, потпишана од императорот Константин и неговата жена Елена, при што, тој лично, делото на Исус и учењата на Силата официјално со декрет ги прифаќа како доминантни во Римското царство. Тоа придонело за огромен потрес на царството, првично застапник на Темната Страна и подоцна се поделило на Источно и Западно, меѓутоа од сам почеток мора да нагласиме дека правите учења останале запазени од Источното.
Во Источното Римско царство послем Константин, Теодосиј презел одговорна улога, го востановил Константинопол како главен град и ги зајакнал учењата на Исус какво главни во ова царство, и така Силата била втемелена и дошло до благодет и подем. Јистинијан родум од Таоресиум (денешно познато Таор кај Катланово, 50км од Кокино) е следниот император и почитувач на учењата на моќите на Силата. Под неговата цврста, но праведна рака, учењата на Исус за Силата апла се зацврстиле и тоа понатаму се одразило на културен, милитарен и материјален процут на целото царство. Ова траело со векови подоцна кога Темната Страна се е вратила преку влијанието на отпаднатото Западно Римско Царство и потплатените од нив Османлии. Тие, борејќи се го завземаат Константинопол во 15тиот век, притоа да се спомне дека Темната Страна направила и тектонско пореметување, земјотрес, што оштетило дел од ѕидините на градот за да им помогне во тоа. Неколку векови пред ова Силата увидувајќи дека нејзиното влијание во Византијската империја (Источно Римско царство) опаѓа, пред се во моментот кога овие решиле да крунисаат жена за императорка, таму некоја си Зоја, решила да завземе комплетно до тогаш непозната форма на делување. Па така понатаму преку уметноста и културата се е зачувала со влијание за да се пренесе и зачува на други територии настрана од Темната Страна. Познати од ова време се културниот процут во Охридско и проширување на уметничко духовни форми пред се во фреско-сликарството и во некои форми на музицирање (Византиска музика) видливи и до ден денес во некои останати храмови во Македонија од она време (крај на 900ти-доцни 1400ти год.). Тоа во денешно време се нарекува прото-ренесанса значи, и е започнато овде кај нас, а подоцна овие мајстори и уметници за да избегаат од налетот на Османлиите и Темната Страна, мигрираат најпрвин во Дубровник, а подоцна и во Венеција и понатаму во денешна Италија со што вршат огромно културолошко влијание, и истовремено зачувување на формите на Силата, видливи низ зачувани уметнички дела и до ден денес. Било да се работи за Леонардо, Микеланџело, или филозофските и научни учења на Бруно, Галилеј, Де Карт и понатаму Њутн, Лајбниц итн. сето тоа е само попримено влијание од знаењата и моќите на Силата што од овие избеглици им било пренесено таму на тие непросветлени територии.
Од друга страна пак најупорните останале овде, на Балканов, и покрај тоа што бил освоен од Темната Сила, Османлиите, и во голема мера се супротставиле пружајќи отпор со цел да колку толку се запазат знаењата на Силата на овие исконски простори. Така најпознато е движењето на Богомилите кое егзистирало во строго духовна форма, без потреба од храмови и цркви а имале и т.н. Тајна Книга, а нивните учења пред се биле пацифистички и ја отфрлале потребата за оружје и насилство, за што се разбира биле казнувани во голема мера од тогашните владетели. Подоцна кога тие владетели го наебале од Темната Страна, Османлиите, ова движење останало да егзистира во некои планински високи места и низ времето иснспирирало луѓе, праведни кои пружиле отпор и се побуниле против Темната Страна во најразноразни форми на бунтови и востанија. Меѓутоа Темната Страна била поприлично јака и секогаш успевала да ги задуши овие востанија а водачите на востанијата најчесто биле наденувани на кол, како еден вид на материјална реплика на светлосниот мач, поради ефектот на изживување и пародизација, свесно сквернавење кон моќите на Силата...
Во денешно време само ќе нафрлам некои хинтови да ви посочам во кои облици на просветление е Силата присутна со нас. Присетете се само на Бадник и палењето огнови, па има ли повпечатливо искажување протест и револт кон Темната Страна од ова? Во денови од годината кога Сонцето (инаку симболика на Силата) е најниско на хоризонтот и воедно најслабо, ние палиме огнови за да го растераме мракот (репрезент на Темната Страна) и воедно да му ја вратиме силата на Сонцето и го прескокнуваме огнот за да симболично ја докажеме нашата лојалност кон Силата. Во некои делови од нашата земја пак се оди и во подалечна крајност каде што послем култот кон Сонцето и Силата се практикува уште еден култ директно насочен кон благодарност на Чубака и видот Вуки. Имено овие луѓе некаде околу средината на Јануар, се облекуваат во најразноразни влакнести облеки, имитирајќи го Чубака, и се собираат во ритуал во кој освен испуштање на неартикулирани звуци исто така практикуваат и прескокнување на запален оган.
Борбата помеѓу Темната Страна и Силата на сите нам во денешно време треба горе долу да ни е позната и нема потреба што сега јас тука да објаснувам околу тоа. Можам само да кажам дека секој од нас треба у својот живот да одлучи дали ќе ги почитува и користи овие учења или пак не. Животот е полн со предизвици и не е лесно да се одржи една ваква интергалактичка идеологија во глава, посебно знаејќи дека сето тоа се испреплетува 4000 години во нашата историја. Имало, се разбира, и подеми и падови, но сепак циклично се испреплетуваат доминациите на двете овие учења и моќи. А пред секој нас стои момент на одлука и одговорност. По кој пат да се тргне после моментот на спознание...
Од мене толку, сè што е повеќе од ова, од Темната Страна е.
Авторот не е универзитетски професор.
Даниел А.