Венчални писма на читатели

Ми рекоа: Ете ти шалтер 3, таму е за венчаници! Тргнав кон шалтер 3 и се чудам како не прочитав и дали сум слеп, ама не се они криви што јас не разбирам албански јазик. Им дадов лична карта и листаше шефот два пати и констатира дека венчаницата не е испечатена, а Ваљон (мислам дека така рече) бил на одмор до понеделник.

Како што бива кај нас со изводи од Матично, за сè се бара не постаро од 2 не од 3 не од 6 месеци, така и нам ни затреба венчаница.

Аплициравме електронски после 3 неуспешни обиди за регистрација, но сепак успеавме на https://www.uvmk.gov.mk/.

Потоа за еден ден стигна потврда дека венчаницата е готова и тоа беше супер.

Потоа незнаејќи каде е новата локација и од кај да ја подигнеме венчанцата, ѕвонев на тел.број од сајтот 02 322 3787 на 03.07 и 04.07 по 4 до 5 пати дневно и не добив никој. На 05.07 по 3-от обид ми јави зафатено и потоа успеав да добијам информација: Кај стара Комерицијална Банка, кај Камени Мост.

Одам на 05.07 во 13.00 часот, платив паркинг пред стоковна куќа Мост и уредно застанав да чекам во ред во Матично на шалтер 1 и 2 според тетката што седеше во собата за склучување на брак со уште 4 други тетки.

Откако избија 2 ексцеса меѓу насобраните во следните 5 минути пред шалтер 1 и 2 и сфатив „кај сум“, најдов слободен шалтер бр.5 да прашам дали работат во втора смена за венчаници, заради гужвата.

Ми рекоа: Ете ти шалтер 3, таму е за венчаници! Тргнав кон шалтер 3 и се чудам како не прочитав и дали сум слеп, ама не се они криви што јас не разбирам албански јазик.

Им дадов лична карта и листаше шефот два пати и констатира дека венчаницата не е испечатена, а Ваљон (мислам дека така рече) бил на одмор до понеделник. Прашав со умерен тон, како може да ми дадат известување а да не е готова, па му стропав малку на шалтерот и веднаш се распраша дали некој од колегите знае да принта. Ама никој не знаеше.

Си заминав и пуштив „S“ на порака на 144 144 и пак се јавив нател.број од сајтот 02 322 3787, добив од прва, објаснав што и како, слушнав издишка од другата страна и ми земаа број и рекоа дека ќе ми се јават и еве сè уште чекам, а и незнам дали издишката беше искрена.

Поздрав,
Раде

5 јули 2018 - 16:20