Сукани писма на читатели

Јас сум една мајка од внатрешноста чии ќерки студираат во „големиот град“. Годинава друштвото ќе се собира кај нив за Стара нова година и ми побараа рецепт за погача. Поради нивното кујнско неискуство моите инструкции се проширија и се плашев дека ќе се откажат од целиот проект, па морав да внесам малку позитивна енергија во комплицираната постапка на правење погача.

Кога им го пратив рецептот по ФБ (како инаку денес) реакцијата беше „Хахахаха! Мам, многу јако си го напишала рецептот! Мора да отвориш блог за готвење!“.

Пффф, мене ми е многу двапати неделно да ја м`кнам правопсмукалката, а камо ли блог да одржавам. Но, секој родител се радува кога ќе добие пофалба од детето и така јас во состојба на еуфорија се осмелив да „му пишам на Трендо“.

Еве ти го праќам рецептот, сакаш објави го, сакаш не - што за смешка, што за тоа дека на некој може да му се најде овие денови.

Секое добро,
Мајка

*******

 

12 јануари 2017 - 15:28