Сафистички писма на читатели

Господа од Дпмне, Сдсм, Дуи, Дом, Нп, Вп-Мемеро, Комуњари, лажни албански партии, едноставно може да се носите у бестрага.

Ѝ се случи САФ на Македонија!!! Од каде да го почнам коментарот!? Ок,  одиме историски.

Пред 15год. тројца млади луѓе - Гоце,Смилен и Пикисипи (иако тука јас би го додал и Симе како 4-ти член - тој најмногу веруваше во нивната сила) ја презентираа најчистата слика на демократската идиоштина на Македонија, без медиуми, без платени новинари, едноставно чиста поезија на суровата вистина за Македонија!

И колку тоа да беше сурово и страшно, беше вистината на кое дереџе е Македонија!

Секој би рекол ок, тоа беше пред 15години, ама страшната трагедија е фактот дека нивната поезија и денес е Вистинa. Катастрофа, ако пробам да му објаснувам на некој странец, како да му објаснам? Не само што ситуацијата не се сменила 15год., но е уште пострашна!
Вечерва на 25ти Април, 4000 напатени души од цела Македонија дојдоа да ги испеат стиховите на ужасот македонски, да се надеваат дека е тоа само песна, а нажалост е реалност и после 15 години.

Господа од Дпмне, Сдсм, Дуи, Дом, Нп, Вп-Мемеро, Комуњари, лажни албански партии, едноставно може да се носите у бестрага. Кретени едни, дали сте свесни дека сепак во Македонија живеат лица кои знаат што е Демократија и Слобода! Дали сте свесни дека сте ГОТОВИ, дека вашите души кои ги продадовте за гомна(пари) вечно ќе ги јадат вашите поколенија.

Денис

**************************

Како беше на САФ:

25 април 2015 - 13:31