Здраво Трендо,
Многу сум среќен со тоа во која насока се движат цените на бензините во нашата држава. Ваквото намалување на цени на горива од 10% во последните 3 месеци навистина ме израдува. Верувам, не само мене туку сите ентузијасти на високите октани. Сега просечниот македонски шофер може да извози околу 35 км повеќе отколку во септември - ова под услов во просек трошокот за бензин да се движи некаде околу 2000 денари месечно а колата да ти троши околу 8 литри бејзин! :)
Токму оваа моја неизмерна среќа и радост беше причина да ја посетам интернет страната на Регулаторната комисија за енергетика и да направам една мини анализа од нивните податоци која вели вака:
1. Цената на барел нафта од 09.09.2014 до 01.12.2014 се намалила за 24.2%.
2. Доларот во однос на македонскиот денар зајакнал за 6.1%
Ако се земат овие два параметри во предвид и истите се компензираат излегува дека она за кое што сме плаќале 100 долари во септември сега би требало да плаќаме 82 или околу 18% помалку. Ти текнува на она намалувањето од само 10%???? :)
Еве и посликовит приказ.
Еве и табелче. Кој не верува нек си проба.
Опис 09.09.2014 01.12.2014 Промена
Барел Нафта 100,832 76,474 -24,2%
Еуросупер 95 78 70 -10,3%
Еуросупер 98 79,5 71,5 -10,1%
Еуродизел БС 66,5 60 -9,8%
1 USD 46,5751 49,4243 6,1%
Сигурно има некој друг параметар, што јас не го знам, заради кој во просек оние 8% (или 5,5 денари по литар) не можам да ги видам. Гарант дека не сум полагал екстерно/државен испит па затоа. Гледате деца. Ако не полагете, и вие вака неписмени ќе бидете, без здрав разум и логика.
Поздрав,
П.