Почитувани Г-дин градоначалник и овластен градежен инспектор,
Минатиот пат добив објаснување (види додаток) која во најмала рака е несериозно. Пред сè, тогаш јас не прашував зошто “расчистувачиот на теренот” си ја работи својата НЕЛЕГАЛНА работа, туку зошто уништува јавно зеленило. А како последица од нашите реакции се појави лице во полициска униформа и пиштол на појасот. Не завлегувам во детали каде му беше паркиран автомоблиот...
Тоа беше пред неколку месеци, август-септември, и досега работите само се влошија. Видете фотографии, последните се направени пред неколу часа. Расчитувањето на теренот за новата џамија (сред населба) и натаму продолжува.
Кога со неколку соседи, пред година –две, побаравме да ставиме гаражи за нашите возила, бевме одбиени со образложение дека се работи за општинско земјиште, а сега е ПРИВАТНО??? Како тоа???
Сè уште мислам дека ова веќе влегува во областа на СУРОВАТА ПОРНОГРАФИЈА, само затоа што “институциите на системот” се плашат да си ја вршат својата работа, а новинарите пишуваат само за работи кои се случуваат во “централното градско подрачје” или ако куче касне човек (нели вистинската вест е ако човек касне куче?)
Со почит,
Тихомир Џингов