Подготвителни писма на читатели

Добредојде во ВМРО-ДПМНЕ. Знам дека не сакаш, ама судбина. Мислиш јас сакам во Скопје да работам? Кажа Бошко Буха од Муртино дека си ВМРО-вец, па реков да те подготвам, што отприлика треба да има еден ВМРО-вец.

Од кога се вработив во ова Скопјево, сфатив дека заебано им било на моите претци, печалбари, згора на се без мобилен и скајп. Живо досадно е да си некаде кај што децата не ти се. И така, двемам на нет, отворам off.net и гледам линк „пиши му на Трендо". И си викам е ајде де... Ќе утепам уште еден четврток, а утре се пакувам и право дома, а башка убаво ме замолува човекот, не гледаам причина да не му пишам.

Туку да, што ќе ти пишував... А да, ми текна. Добредојде во ВМРО-ДПМНЕ. Знам дека не сакаш, ама судбина. Мислиш јас сакам во Скопје да работам? Кажа Бошко Буха од Муртино дека си ВМРО-вец, па реков да те подготвам, што отприлика треба да има еден ВМРО-вец.

Значи, прво да пуштиш брада. Не може само со коса па ВМРО-вец. Не бива. ВМРО-вец без брада е ко премиер без ... е па без брада. Незнам, ко нешто е, ама не личи. Второ: ќе се движиш во тројки. Не прашувај, не знам. Јас имав идеја за тројка со Ребека Ромињ и со Скарлет Јохансон, ама не било така. А се ми беше испланирано и убаво исфантазирано уште првпат ко ги видов невестите, негде во пубертетот или подоцна. Види таму, шетај на 6,75 метри од кошот, најверојатно. Важно е дека правите ВМРО-вци со брада шетаат во тројки, и не може со Горан и Иво, зафатени биле со некој Сашо.

Ова што ме замараш сега да морам да ти го додадам сајтот на шорткат, на таскбарот на хромот, одма покрај курир, да знајш дека ќе ти го памтам до завчера. Ако имаме наредба утре да шириме статии од off.net да знајш стварно дека си ја претерал со ВМРО-вштината, која по дефолт е антидемократска, ненародна и троши народни пари.

Да не те замарам повеќе. Не си печалбар и не сфаќаш дека ти и ракијава ми сте другари. Ама од тебе не боли глава и можам на раат да програмирам утре. Да си жив и здрав и да те читаме уште долго време.

Авторот и е непознат на редакцијата, ама е ВМРО-вец. :)

8 мај 2015 - 14:26