Здраво Трендо,
На 31.12.2017, последниот ден од минатата година, традиционално на Пелистер, поточно планинарски дом Неолица, имаше околу 100-тина планинари. Застанавме во планинарскиот дом да се напиеме чај пред да продолжиме нагоре по планинарската патека кон врвот Неолица.
Бевме предупредени од другите планинари дека е подобро да не планинариме бидејки има ловџии и пукаат насекаде. Но, сепак продолживме, нагоре по маркираната патека. Навлеговме подлабоко во шумата и еден глас од зад грмушка ни свика: „ТИШИНААА, не зборувајте гласно“, маскиран ловџија со пушка в рака, на планинарска патека во национален парк!
Нагоре се осеќавме како да сме во војна, планинариш и се плашиш од која страна ќе ти пролетаат сачмите... Нагоре сретнавме уште многу од нив, сите бесрамно горди дека ловат на планинарска патека низ групи со планинари.
Како и сите други планинари бев многу изреволтиран, и решив дека не смеам да останам на тоа, и дека треба да пријавам, па приказната доби кулминација...
1. Се јавив во полиција да пријавам дека има ловџии по планинарските патеки во национален парк. а од полиција само ми дадоа број да се обратам во шумска полиција.
2. Се јавив во шумска полиција и дежурниот таму ми одговори вака:
„Мислам дека денеска им е ловен ден па можеби затоа...“. Го прашав дали е возможно да има ловен ден на планинарска патека до планинарски дом во кој има стотина планинари. И на тоа ми одговори, „паааа, незнам господине.... можеби имаат концесија, пробајте јавете се во ловното друштво, прашајте ги нив....“ (ме упати да се јавам во недела во ловното каде што нормално нема никој да ми се јави). Дежурниот од шумска полиција не знае каде не смее да се лови...
3. Почнаа да се јавуваат и други планинари и разбравме дека на лов бил Б . . . . и, некој од главните во ловното, вероватно претседателот... И така сфативме дека сè е договорено и затоа не "шетаат по тавани". Која дрскост!
Ете и фотографии од џиповите паркирани пред планинарскиот дом, ловџиите да се гордеат со моќта што некој им ја дал, да ловат низ луѓе. Утре можеби ќе дојдат и во градскиот парк да тепаат зајаци, верверици, додека децата си играат...
Горан