Здраво, Трендо.
Ова ти го пишувам од причина што два-три месеци претрпев мал милион заебанции сурфајќи, барајќи, пополнувајќи еден тон апликации за работа, малтретирајќи се со полагање на стручен испит за државен службеник и одење на интервјуа на основ на моето очекување дека нашата влада, со мало в, навистина има транспарентност во постапката за вработување на кадри кои немаат партиска или газолижачка ориентираност.
Долго време, т.е. речиси 9 години се заебавав со разни копиљаци и манијаци во еден од најзаебаните сектори во нашата економија. По сплет на околности, ми се деси една ситуација со која што оваа моја одисеја привремено заврши, па таков каков што сум, слушајќи ги розевите ПР презентации на претставниците на владата на телевизија чии што имиња дури и не им ги знам решив да се впуштам во барање на работа во државната администрација. Си велам, ќе барам чаре некаде низ општо најомразените институционални простории со цел да вадам корка лепче, која до пред некое време ја обезбедував преку дел од бивша заштеда, дел со хонорарно работење.
На основ на ова мое мислење, како и врз база на моето CV сметав дека брзо и лесно ќе успеам да се снајдам околу добивање на некое работно место каде што ќе можам да се сконцентрирам и фокусирам на успешно и квалитетно работење како професионален кадар на некое од нашите министерства или општини.
Меџутим, у кратки црти се дешава следното:
1. Дремам некое време на www.aa.mk, конкретно на делот на сајтот каде што со големи букви пишува "ВРАБОТЕТЕ СЕ!". Не некое време, него постојано месец дена ги следам сите огласи и аплицирам секаде каде што ги исполнувам поставените критериуми.
2. Смирен и онака без некои поголеми нервозни испади, успевам да аплицирам односно да пополнам барање за 107 работни позиции за кои ги исполнувам зададените критериуми. Ти викам дека ова го правам без нервози, пошто не знам дали некогаш си пробал да пополниш едно барање за вработување кое што е наложено од страна на овој сајт...ако не си, I dare you to do it !!!
3. Добивам автоматски mail дека на тој и тој ден треба да одам да полагам испит за државен службеник за кој што има прирачник на наведениот сајт кој треба да го преземеш, а оно уствари не е прирачник туку напишани прашања со линкови кои што треба да ги копираш па да ги бапнеш у word за да можеш да ги испечатиш и да учиш. Го правам ова погоре наведеното, си ја ебам мамицата со одговарање на 600 и кусур прашања и одам на полагање.
4. Кој бил да полага знае - седнуваш на компјутер цца 2000-то годиште внесуваш матичен број и почнува 30-минутната лотаријата со прашањата, вкупно 40 на број. Првата сумња како обичен смртник ми се јавува тука. Имено, полагајќи примеќам дека надгледувачите одат од човек на човек, избрани ваљда по некоја случајност, се задржуваат кај секој по 5 минути и со прстот нешто им покажуваат на мониторот. Завршуваш со тестот и системот одма ти дава резултати. Јас успешно го положив испитот како и сите оние на кои што горенаведните лица им дремеа пред мониторите и претпоставувам, им сугерираа што да одговорат.
5. По ова следи вториот чекор. Као успешно положен апликант, те рангираат во листата на топ 5 кандидати и на основ на ова те повикуваат на интервју. Втората сумња ми се јавува овде. На 10-ина места за кои што аплицирав бев прворангиран согласно критерумите образование и работно искуство и положен стручен испит, меѓутоа после интервјуто АА постојано ме поставуваше на второ или трето место на конечната ранг листа. Работата нормално, ја добива прворангираниот. Си викам, тоа е, ваљда има поквалитетни дечки од мене, јас не знам да се снајдам на интервју на кое што буквално не те прашуваат ништо друго освен името и презимето и кај имаш работено до сега.
6. По ова следува откривањето она што ние тука го викаме "кој ја ебе кокошката а не е петелот". Имено, сите оние прворангирани кандидати на сајтот на АА се или веќе вработени на наведените работни позиции за кои што аплицираат, или согласно доставен предлог од месен комитет се избрани за идни административци во државните служби на нашата земја. До еден од овие два заклучоци успеав да дојдам лично самиот - на две од интервјуата на кои бев повикан налетав на лица за кои што знам дека веќе работат во државна администрација на наведените работни позиции за кои што аплицирале, а она со предлогот на месен комитет е чисто моја субјективна претпоставка, дај боже да сум грешка.
Е сега, пошто јас лично решив да се повлечам од сите овие заебанции и да се вратам на оние старите патеки по кои што до сега сум чекорел у мојот професионален живот, на сегашните и идни потенцијални оптимисти за вработување во државна администрација по транспарентен и објективен пат и објективна селекција на најквалитетните кандидати, сакам да им пружам мала помош. Така, во прилог ти го испраќам комплетниот "прирачник" за полагање на стручен испит за државен службеник, комплетно одговорен од моја страна. Овој прирачник, гледам се нуди на продажба низ сајтовите за огласи, ама нека е, јас не сум профитер, ова е поклон од мене до сите оние кои што се надеваат дека ќе успејат да добијат работа од државата без поседување на соодветна идентификациона исправа а.к.а. партиска книшка или без претходен соодветен партиски ангажман, читај лепење плакати. Ова слободно, доколку ти овозможуваат правилата на сајтот, можеш да го објавиш како бесплатен документ за превземање. Нека учи оваа омладина, нека се унапредува и најважно од сè, нека не губи нада, вера и љубов !!! Јас за жал, овие три работи ги изгубив, не генерално у животот, туку конкретно, према нашата мила и толку многу сакана држава.
Поздрав и секое добро,
Високо-образуван идиот.
--------------------------------
Одговорениот прирачник за бесплатно преземање