Поздрав Трендо,
Во период на тешки глупости во насето секојдневие, ретко позитивна вест е Honeyland. Од Њујорк Тајмс, преку Ролинг стоун и Роџер Еберт па сè до емисијава на Fandom јутјуб каналот со авторите на „Honest Trailers“.
На 12:25 вади просек на заработка по екран (по прикажување) и види таму, нашата Медена земја е рамо до рамо со Кралот. Типот убаво си кажува MACEDONIAN documentary, oscar "buzz", пофалби и слично.
По сè изгледа Орсон Велс бил во право:
Шала на страна, убаво е кога и на минорно видео од некојси таму јутјуб канал ќе си слушнеш убави работи за квалитетен производ од сопствената земја, Но умрев од страв кога го слушнав како вика „Macedonian documentary“, да не излета од некоја грмушка, од под биро, од било каде Заев и да го поправи :)
Поздрав и секое добро,
Перо