За подобра и опуштена Македонија
Ние предлагаме сите луге уморни од не одмарање да ни се придружат затоа што и ние сме такви, меѓутоа ние се разликуваме по една важна работа ние ги знаеме одговорите. Тим од наши експерти со долгогодишно искуство во процесот на опуштање изработи студија и заклучивме дека треба да ги отвориме портите и треба да станеме лулка на опуштеноста. За тоа да го направиме ние ветуваме легализација на сите бавно горечки алатки и материјали за релаксирање. Таквиот потег и непишаното правило за понуда и побарувачка би ја спуштиле цената и би го подигнале квалитетот на секоја роба со зеленикава боја, секако ова не е само социјална мерка ова е и генијална економска мерка. Многу млади странски уживатели на ваквиот вид на кулирање радо би сакале да ја посетат нашата земја и да ги споделат нивните позитивни искуства со нас и се разбира заедно да создадеме нови прекрасни моменти на опуштеност и благосостојба. Милионски суми ќе се трошат во нашата земја од страна на туристите, аеродромите ке бидат полни, патиштата презафатени и добро е што немаме пристаништа инаку и тие би биле во гужви. Квалитетната стока сама по себе повлекува и квалитетен животен стил, а кој подобро од нас знае што е квалитетна стока! Ние долги години посветивме на усовршување но сега сме спремни да ги поведеме лугето во вистинска насока. Да им дадеме поквалитетен поопуштен и побогат живот. Да го рашириме зборот за благодетите на нашата земја, да го решиме спорот со нашиот јужен сосед со тоа што нашето име би го промениле во Опуштена Македонија како што ни и доликува. Ако погледнете на оваа наша идеја од страна вие всушност ќе погледнете во среќата на една нација, а дали има нешто поубаво од среќа и благосостојба на една држава? Тука луѓето би биле весели, насмевките на лицата би биле постојано и замислете само колку опуштено би фукционирало нашето општество.
Со почит,
Дарко Стојковски - Пробиштип
Косте Сибиновски - Тетово/Милетино