Писма на невалидни читатели

Извадив нов сертификат, овој пат веќе и ЕУ сертификат од страницата вакцинација.мк, но проблемот настанува кога тој сертификат ќе се прочита од читач кој покажува дека е погрешен односно невалиден. Праќам линк на кој можете да проверите дали вашиот сертификат е валиден и дали би можеле да излезете од Македонија.

Mоментално работам и живеам во Норвешка што не би било важно доколку не доаѓаат празници односно период кога скоро сите од Македонија кои работат во странство би сакале да поминат некој ден дома и да си ја посетат фамилијата.

Очигледно нема да имаме сите баш добар лет или патување зошто издадените mакедонски ЕУ ковид сертификати очигледно се невалидни.

Првично постоеше проблем кој беше објаснет како хакирана мрежа па повторно се вадеа нови сертификати. Извадив нов сертификат, овој пат веќе и ЕУ сертификат од страницата вакцинација.мк, но проблемот настанува кога тој сертификат ќе се прочита од читач кој покажува дека е погрешен односно невалиден.

Пред една недела помислив дека се работи за некаква грешка и почекав повторно да пробам. Очигледно е дека не е никаква грешка туку едноставно нашите ковид сертификати се непризнати или непрепознатливи од ЕУ. За да се осигурам во сето ова, замолив во Македонија неколку пријатели, роднини и познаници да извадат ЕУ сертификат и да проверат дали и ним би им се покажал истиот проблем. Неколку пријатели пробаа и кај сите е исто -  „невалиден ковид сертификат“, што на граница би значело големи проблеми.

За да бидам сигурен во напишаново претрчав до еден комшија од Хрватска, го скениравме неговиот ковид ЕУ дигитален сертификат и профункионира без никакви проблеми (одма покажа негово име и презиме датум на раѓање и дозите на вакцина кои ги има примено), за разлика од македонските сертификати кои не фунционираат никако. Пробавме и со македонската MK Wallet апликација исто QR кодот е непрепознатлив за ЕУ а сличната хрватска  апликација работи како што треба. Истото се случува и со Common Pass апликацијата.

Ви испраќам слика како изгледа кога немате валиден сертификат, а и линк... 

https://app.digitalcovidcertchecker.gov.ie/   

... каде можете да проверите дали вашиот сертификат е валиден и дали би можеле да излезете од Македонија.

Со почит,
Александар Стојановски

29 ноември 2021 - 14:51