Во Општина Кавадарци, поточно во одделот за урбанизам работи службеник, кој е вработен во општината и истовремено дополнително вработен во фирма које е изведувач на градежни работи. Ваквиот ангажман е сам по себе ситуација која имплицира потенцијален конфликт на интереси.
Поради комплексниот заплет кој нè очекува мислам дека полесно ќе се следат работите ако ги именуваме учесниците во настанот. Од друга стана провлекување на имињата на луѓе по медиумите не е баш коректен пристап кога се изнесуваат работи во јавност а со цел да се покрене механизам за контрола на првилноста на работењето, па така додека случајот не го обелоденат државните институции на учесниците ќе им доделиме имиња кои ќе овозможат нивно лесно препознавање, но не се нивните вистински.
Значи фирмата која се бави со изведба ќе ја викаме Изведувачот. Инженерот кој е двојно вработен ќе го викаме Со_двојно_државјанство, Значи почнуваме со тоа дека Изведувачот како фирма има тековни договори за изведба на градежни работи со Општина Кавадарци. Правно не е сосем јасно како би требало да се третира ваков случај.
Кажаното секако не значи, само по себе, дека има злоупотреба на ситуацијата. Но ...
Изведувачот, околу кој се кршат копјата, за добивање лиценца за изведба морал да има вработени најмалку два инженери со овластување за изведба. Еден од двата инженери е инженерот Со_двојно_државјанство кој е вработен во Општина со цело работно време, а кој дополнително е вработен кај Изведувачот со 10 саати неделно, а другиот инженер е лице кое не живее во Кавадарци. Вториот инженер, за целото време на неговото работење во фирмата Изведувач, е фантомска фигура. Имено приказни дека постои има, но неговото присуство никој не го доживеал лично. Понатаму тоа ќе биде инженерот Фантом-1
Во последните месеци се појавува на сцената на настанот нов субјект регистрирана фирма со лиценца за Надзор, која го добива надзорот во Општина Кавадарци (за 2016 год.) за безначајно мал процент на наплата. Тоа ќе биде понатаму фирма која ќе ја викаме Надзорот . Во моментот на појавувањето на овој нов субјект и кај Изведувачот едновремено се случуваат измени. Се заменува инженерот Фантом-1, со нова фантомска фигура инженерот Фантом-2. Присуството на терен, на овие две лица за надзор, е целосно оправдување за имињата кои им се доделени.
Во новата фирма Надзорот, како и во секоја друга лиценцирана за вршење надзор, е потребно да се имаат вработени два инженери со овластување Б за надзор, па тука сега се преселува инженерот Фантом-1 од Изведувачот во Надзорот како управител, а вториот инженер со чие овластување е аплицирано за лиценца за надзор во моментов е непознат. Меѓутоа се знае дека на објекти на кои Надзорот е надзор (во Градско, на пример), како инженер за надзор е назначен, инженерот Со_двојно_државјанство
Едни исти лица се префрлаат од фирма во фирма, како инженери за изведба и надзор.
Тоа во овој случај Изведувачот како и неколку други сателитски изведувачки фирми со кои настапуваат заедно во работата речиси секогаш, го става во единствена и многу повластена положба. Сами себе ќе си вршат надзор со од нив основаната сателитска фирма Надзорот. Во сите овие фирми учесници во изградба се појавуваат истите инженери, но некогаш се вработени кај Изведувачот, некогаш кај Надзорот. Па дури имаме еден ист инженер кој е дел на сите тимови кај Инвеститорот, кај Изведувачот и кај Надзорот.
Збунувачки.
Постои, реална можност и двете лиценци за изведба и надзор, на двата субјекти, да се добиени со вработување само на споменатите три инженери, бидејќи засега четврти инженер не е појавен како лице во ниедна од фирмите, а веројатно е неопходен. Имено од извори блиски на Изведувачот се дознава дека Фантом-2 ќе биде од здравствени причини отсутен од работа некои 9 месеци. Во меѓувреме на почнат објект во Кавадарци на кој Изведувачот треба да ги изведува работите, ќе треба да се почека додека да најде Изведувачот нов инженер за изведба. Ситуација без преседан.
Се чини дека Изведувачот ја добива битката на сите фронтови. Со влегување на споредна врата, во секоја институција. Стана секојдневие една клима на премолчување и прифаќање на работите кои се прават.
Срдечен поздрав,
Лидија Стојанова
п.с. Оваа ситуација, со конкретни имиња и фирми им е доставена на надлежните иинституции (Антикорупциска и др.)