Писма на читатели од мијачијата

Бев по мијачијата (Папрадиште, Галичник, Гари, Лазарополе и уште по некое селце), во едно од овие места го најдов овој повик. Воопшто не ме изненади што доаѓа од кај нив. Дали тоа почнува да се развива нашиот имунитетен систем? Мене така ми мириса...

Здраво Трендо,

За нашиов велик празник деновиве бев по мијачијата (Папрадиште, Галичник, Гари, Лазарополе и уште по некое селце), кој како што знаеш е прекрасен планински предел. Уште попрекрасно кај Мијаците е тоа што (барем дел од нив) се големи патриоти и си ја сакаат Македонија. Нивниот пркос, особено на Лазоровци, е далеку познат уште од турско време (на пр., Ѓурчин Кокале не дозволувал ниту Турчин ниту Арнаут да му стапне во селото додека бил жив).

Е па, во едно од овие места го најдов овој повик. Воопшто не ме изненади што доаѓа од кај нив. Ти го препраќам како фотографија бидејќи мислам дека ќе сакаш да го објавиш. Воедно, зедов да го препишам бидејќи и сам гледаш дека мојов телефон баш и не е во врвот на фотографската опрема.

Дали тоа почнува нашироко да се развива нашиот имунитетен систем? Мене така ми мириса, а изгледа и на нашите душебрижници.

Поздрав,
А.

Исклучи ги одродените!

Драги наши браќа и сестри Македонци, знаеме. Знаеме дека останавте занемени, со спуштени вилици, на безобразието и невоспитанието на оваа нелегитимна власт. Знаеме дека се осеќате предадено, силувано, понижено.

Но не очајувајте! Нашиот народ е стар и мудар и низ столетијата развил механизми за уништување на оние кои лошо му мислат, однадвор и особено за предавниците однатре. Та само спомнете си: Македонците ги имаат преживеано Римската империја, Отоманската империја, СССР, двете Балкански и Светски војни, Персија, Варшавскиот пакт. Имајте потполна доверба во нашата способност да ги преживееме и сегашниве светски империи, како и малите искомплексирани квази-империички во нашето соседство.

Токму затоа што сме мудри ние Македонците сме мирен народ. Сакаме да живееме во мир и слога, да не нѐ чепкаат и тормозат, и да не се залетуваат разноразни освојувачи кои милуваат да нѐ присвојуваат. Тоа е исправно, и така се живее цивилизирано.

Но во овој период некој би рекол дури и дека сме премирни. Дека премногу им допуштаме на непријателите внатрешни и надворешни. Се согласуваме.

Е па, дојде време да покажеме заби. А кога ние Македонците покажуваме заби, предавниците и непријателите бегаат како глувци во дупки оти знаат што ги чека.

Надворешните непријатели ги знаеме, и кај нив ништо ново. И нив кога-тогаш ќе ги средиме. Но, внатрешните предавници и петоколонаши се оние кои најмногу нѐ болат. Оти тоа се одродени полулуѓе кои ние сме ги израснале, помогнале, вработиле, научиле и заштитиле, за тие среброљубни полулуѓе без достоинство сега да се однесуваат вака предавнички кон сопствениот народ. Од нив и дополнително, оти растејќи меѓу нас тие знаат каде најмногу нѐ боли и кај сме најслаби, и под команда на нивните кукла-мајстори ѓубрињава точно таму сол фрлаат.

Затоа, време е повторно да ги „потсредиме“ ваквите одродени меѓу нашите редови, да ги отфрлиме од нас како што телото ги затвора и исфрла туморните клетки. Не само што имаме право да се браниме од предавниците и непријателите, туку ако сакаме да преживееме со достоинство, мораме.

Токму затоа насловот на нашиов текст е: исклучи ги одродените.

Штом овие полулуѓе повеќе милуваат туѓи пари и команди него правдата за и заштитата на, „нивниот“ народ кој ги создал и израснал, редно е да им дадеме шанса да си одат таму каде милуваат, нели?

Но, со оглед на тоа што сме мудар и мирен народ, предлагаме засега да се воздржиме од поагресивни дејства во физичката сфера. Сепак, треба да најдеме начин како ќе го задржиме нашето цивилизирано општество, додека истовремено ги исплукуваме одродените.

За среќа, таков начин постои браќа и сестри наши. Не само што постои, туку веќе успешно сме го применувале во минатото. Тој се вика исклучување од заедничарење.
Исклучување од заедничарење

Тоа што го предлагаме е следно:

Секој оној за кој:

  • се знае дека ги поддржува двата ништечки договори по македонскиот народ, а имено: „Преспанскиот“ и оној со Бугарија, и сето тоа што од нив потекнува, како и оној кој:
  • поддржува какво било друго омаловажување, негирање, понижување, поробување и малтретирање на македонскиот народ, и на неговата историја, сегашност или иднина,

ќе биде целосно исклучен од нашето заедничарење.

Тоа значи, крај за дружење, работење, делување, помагање и било какво друго заедничарење со одродениве. Едноставно, ќе ги отсечеме од нашето народно и национално ткиво. Без разлика дали се работи за членови на семејство, поширока фамилија, или пријатели и другари, без разлика дали се одродени Македонци или припадници на други народи. Просто ќе ги исклучиме и отфрлиме од нас. Чао, мадам!

Со ова на јасен начин ќе им биде покажано дека не се добредојдени веќе меѓу нас, и дека штом толку љубат туѓинци можат слободно кај нив да си одат и веќе да не се враќаат. Тука веќе предавства не им е дозволено да прават.

Со доследно применување на овој метод по одредено време ќе забележите како предавствата ќе запрат, а ќе останат само оние кои си го љубат својот народ, му се лојални и секогаш работат во негов интерес.

Како со оние со кои веќе сме некако врзани?

Некој од вас ќе праша, а што да правиме со нашите соработници, членови на семејства и други со кои имаме започнато разни проекти, претпријатија и други заеднички ситуации и работи?

Во овие случаи предлагаме да се тргне полека, но доследно и систематски.

Дознавте дека некој од вашите соработници е одроден? Изладете ги односите до ниво на техничка соработка. Продолжете со работата, но престанете со било каков топол однос, а во меѓувреме барајте начин како да го откачите одродениот. Ако сте вработени за таков изрод, барајте друга работа и префрлете се. Ако таков изрод е вработен кај вас, најдете начин да му дадете отказ.

Вашите одродени роднини, другари и пријатели препрашајте ги дали сѐ уште ги поддржуваат горенаведените два понижувачки „договора“ (како и било какво друго понижување и негирање на нашиот народ). Ако одговорот е „да“, тогаш бидете храбри и свечено изјавете пред нив и пред други роднини, пријатели или познајници дека ги прогласувате за одродени, дека ќе ги замрзнете односите со нив до ниво на техничка соработка сѐ додека не успеете да ги замените и отфрлите од заедничките проекти или работи. Дополнително, предочете им дека истото исклучување би можело да запре во моментот кога јавно, јасно и гласно ќе се изјаснат дека веќе не го поддржуваат предавството на сопствениот народ и дека ќе работат против истото.

Требно да се направи

Може сметате дека ова е претерано. Но, имајте предвид дека ако не го направиме ова сега, македонскиот народ можеби нема да го преживее овој културен геноцид. Не се сомневајте воопшто дека сме подложени на културен геноцид, кој е продолжение на физичкиот кој врз нас се применува со векови (а во поново време со геноцидот врз Македонците-Егејци). Дали сметате дека цената која ќе ја платите со отсекување на одродените е поголема од геноцидот на кој сме подложени, и од безобразието и невоспитаноста на нашите сопствени предавници?

Ние не мислиме така. Кога ќе ги ставиме нашите претци и потомци предочи, тие јасно нѝ кажуваат дека таа цена е сосема оправдана. Трагично е, но за жал такви одродени сепак ги има меѓу нас. Јасно ви е дека не смееме да си дозволиме да ги толерираме овие изроди повеќе. Време е да ги исклучиме и пратиме онаму каде што припаѓаат.

Ова веќе го имаме успешно спроведено во минатото, а денес ќе биде уште поуспешно. Само напред!

Ние ова ќе започнеме да го применуваме од овој свечен Втори Август, 2022 година.

Македонија на Македонците.

Смрт на фашизмот, слобода на народот.

Да живее Македонија.

До победа!

 

24 август 2022 - 12:56