Писма на читатели кои знаат да кликаат

Во документот се спомнуваат само две народности: Македонци и Турци. Зборот Македонец е напишан со голема почетна буква М. Овој документ големо бугарските шовинисти и врховисти не можат да го порекнат, зашто книгата е издадена од Бугарската академија на науките. Осум години покасно во 1963 г. бугарскиот комунистички диктатор, историчар, антрополог и јасновидец Тодор Живков им наредил на научниците во Бугарија: Македонци не постојат, никогаш не постоеле и не може никогаш ни да постојат.

Здраво Трендо,

За оние што не ѝ веруваат на македонската историска наука, еве неколку документи од бугарската. И една кратка сторија за едни Индиянъ Джонсъ-овци од нашето блиско источно соседство.

Во 1955 година бугарскиот патријарх Кирил објавил книга собрани документи за Македонското (Кресненско) востание од 1878 година. Во неа на страните 284-285 ги наоѓаме Правилата на Македонскиот Востанички Комитетод 20 февруари 1879. Во овој документ од 13 точки читаме: „Секој доброволец, востаник и арамија од секаква Христијанска народностсе прифаќа, но тој е должен прво да прими клетва за верност на главната востаничка управа.“ Потоа во точка 6 читаме: „Секој Христијанин Македонец, кој ќе се покаже противен на востанието и востаниците, ќе се прогонува и кога ќе се фати, прилично ќе се казни.“

Во документот се спомнуваат само две народности: Македонци и Турци. Зборот Македонец е напишан со голема почетна буква М. Овој документ големо бугарските шовинисти и врховисти не можат да го порекнат, зашто книгата е издадена од Бугарската академија на науките.

Осум години покасно во 1963 г. бугарскиот комунистички диктатор, историчар, антрополог и јасновидец Тодор Живков им наредил на научниците во Бугарија: Македонци не постојат, никогаш не постоеле и не може никогаш ни да постојат. Кога во 1968 година патријархот Кирил пронашол уште еден документ: Правила на Македонскиот Востанички Комитет од 1878 година, доста подолг, но не битно различен од претходно објавениот, сфатил дека такво нешто во Бугарија веќе нема да може да се објави. Затоа го поканил македонскиот историчар Славко Димевски и му предал микрофилмувана копија на документот.

Документот е објавен во Македонија во 1980 година. Бугарските историчари решиле остро да го нападнат Славко Димовски и да го обвинат дека го измислил тој документ, дека земал тетратка и своерачно го напишал целиот устав од 211 членови. Првиот аргумент во памфлетот е: Востанието не се вика Кресненско, туку Кресненско-Разловечко. Пишувачот на памфлетот Христо Христов заборавил да провери дека и бугарскиот патријарх Кирил востанието го нарекува Кресненско, додека самите македонски востаници го викале Македонско (со голема почетна буква М). Друг, исто толку убедлив аргумент му е: секаде го баравме документот и не можевме да го најдеме.

Во врска со капацитетот да се фалсификуваат историски артефакти, во истото тоа време, во 1984 година бугарската служба за државна сигурност проценила дека не е добро ракописот на „Историѧ славѣноболгарскаѧда продолжи да се чува во Хилендарскиот Манастир. Затоа изработиле верна копија, ја прошверцувале во Грција, се инфилтрирале во манастирот, го замениле оригиналот со копијата и оригиналот го прошверцувале назад во Бугарија. Копијата била толку добро изработена што монасите никогаш не ја откриле измамата. Дури во 1998 година претседателот на Бугарија Петар Стојанов им го вратил оригиналот на монасите на Хилендарскиот Манастир, со соодветно извинување.

Поздрав,
Горан Стојанов,
Информатичар кој освен по New York Times, клика и по други линкови

1 мај 2020 - 12:02