Здраво Трендо,
Во неколку моменти сум тргнал да ти пишувам на и за разно разни ситуации и теми од нашето секојдневие. Не сум имал доволно трпение и не сум сметал дека е важно па сум се откажува. Веќе неможам! Се надевам дека не е (пре)долго и дека ќе имаш време и трпение да го исчиташ до крај. Here we go...
ПРВА СИТУАЦИЈА:
Ноќеска имав чест автомобилот да ми го крене пајак служба. Прво пола саат вртев по разно разни информатори и контакт центри за да најдам кој пајак ја кренал- дал оној градскиот или центарскиот. За тоа време иако се греам на централно парно и дома ми е температурата "соодветна" (читај во фрижидерот ми е потопло) успеав од бес да зовријам. Излезе дека е центарскиот, се јавив си прашав колку треба да платам и човекот фино лепо со певлив глас ми испеа 2.500 денари...изгледа за него се ситна пара. Одам таму, гледам една "Кент" трафика цела изналепена 24/7/365. Кажувам за која кола сум дојден и барам основ заради кој ми е крената колата. Барам да го погледнам нивниот правилник и сакам да поднесам приговор. Ценовникот беше видно истакнат. Човекот си кажа:
Основ "Паркирана во зона за резиденцијални корисници" - во која патем кажано нема обележани паркинг места - барем не на тротоарите - да на тротоар паркирав!
Правилник: "За правилник треба да се обратиш во претпријатието/општината ние тука немаме правилници ние сме овде само за наплата"
Приговор: "За приговор треба да се обратиш во претпријатието/општината"
Побарав да ми покажат фотографии од тоа како е непрописно паркиран автомобилот. Ми рекоа дека немаат и затоа требало писмено барање да упатам до општината/претпријатието (што да е) и тие преку архивата ќе ми одговореле, а покрај тоа, и дека требало да платам за да ги добијам фотографиите. Прати парадокс! Паралела: Замисли ти доаѓа дома полиција и те апси и ти им викаш "Aма чекајте зошто? Што сум направил? По кој член ме апсите?" А они ти викаат: "Е треба да платиш братко за да ти кажеме све тоа!!!" Побарав и дали сум пријавен од граѓанин на коишто сум му го зафатил местото за паркирање и тоа немаа. Битно ценовник имаа истакнато! Буљаши, не е проблем да си платам, ама сакам да знам дека сум виновен!
Викам ова е кражба. Одам во полиција (сообраќајна). Морам да ги пофалам. Беа навистина професионални и конечно добив чувство дека барем некој ја заработува својата плата што јас ја плаќам преку даноците (за нив малце подоле во текстов). Проверија. Казна немам добиено за непрописно паркирање, што значи немам направено ни прекршок (има прекршок ама не ме фатиле на лице место)! Луѓето направија се што можеа и што им е во ингеренција. Дојдов до заклучок дека ПОЦ има поголеми ингеренции, прати те молам од Полиција на РМ.
Ок!!! Ајде ќе играм по нивно одам да си платам на гладно 2.500 денари. Ми бараат лична карта. Ги прашувам за увид или за да ја препишете? Не не! Ни требаат информации - матичен број- викам па вие немате право да ми го барате и запишете тој податок со Закон. Ако не даеш нема кола. На крај им давам возачка (мислев дека нема ЕМБГ на нејзе - имало) фино лепо си го запишаа бројчето мака немаат - си имале они проблеми, па затоа им требал. Битно работат 24/7/365 за да им дадеш пари. За другото во централа пријатељу! За ова ќе ги пријавам во Агенција за заштита на личните податоци. Се тешам со тоа. Можеби малце и на нив ќе им отежнам.
Парите ги прежалив ама не сум задоовлен! Утре паузата одам да ја потрошам во Централата на ПОЦ. Ќе биде смеење. Ќе ја изодам оваа голгота за да може да ви раскажам што се случува. Очекувај update!
ВТОРА СИТУАЦИЈА
За друга казна за којашто си бев виновен и си платив 250 евра и за кое испратив уплатница до судот во два примерока - две одвоени писма, пратени во два различни денови, ми стигна опомена за решение од извршител и дека ќе ми биде блокирана трансакциона сметка! Абе комедии еј! Ми се плаче од што се смеам. Прати: вика лично да им го однесеш оригиналот и да им го предадеш (прати будали - пусулчето што мене ми е единствениот доказ дека имам платено - на нив да им го дадам!) на адреса таа и таа во период од 9:30 до 11:00 или од 12:30 до 13:30. Јеботе радно време! Овие по фински модел работат си викам: 5 саати на ден до 80 години - баш во служба на граѓанинот, викни го да дојде (за небитна работа) во термин кога и граѓанинот е на работа! Искомплцирај го уште толку!Ајде влечи се и таму оди, моли се, карај се. Имам платено...немаш платено...
ТРЕТА СИТУАЦИЈА
За нова година жена ми од УЈП доби честитка решение за данок за 2011 година со кој треба да плати 2100 денари. Нормално имаш правна поука: Можеш да се жалиш ама тоа не го одложува извршувањето на решението! Дај ти пари, па жали се...може и ќе ти ги вратиме...хехе!
Зошто да плати 2100 денари знаеш? Зошто во периодот 2010/2011 беше на мајчинско отсуство. Нашиот државен апарат, така ефикасно, платата и ја исплаќаше со 2-3 месеци доцнење па така во 2010 зема 9-10 плати, а во 2011 зема 14-15 (2-3 заостанати од 2010 за кои се платени придонеси и 12 редовни). Значи тие 2-3 плати од 2010 и ги рачунаат како дополнителен приход во 2011 и за нив не платила данок - па така сега ќе си плати. Само кратко - кога се пријавуваше данокот побарав мислење од УЈП дали треба да одам во ПИОМ, фонд за здравство и нешто слично и да барам потврда за плата. Од таму некој "хендикепиран" ми одговорил дека нема потреба, тоа веќе не важи, системите им биле поврзани и синхронизирани. Ова го имам на писмено....хехехе...Гадурчиња мали!
Идат избори и јас веќе избрав...наместо да шетам овде денски како Диоген со лампата....си ги пакувам куферите и по онаа бугарскана праам "Дим да ме њама"....
Поздрав,
името тргнато