Писма на читатели кои се хранат како возрасни

„Софка за двајца“ беше супер. И ден денес правам рижото и тесто за пица по нејзина рецепта. Кога гледам пред некое време „Храна за возрасни“. Читам пред два -три дена тоа чудото со карфиолот. Кај мене ентузијазам за карфиол - нула....

Здраво живо Трендо,

„Софка за двајца“ беше супер... да не се лажеме, не зготвив сè, ама добри 80% зготвив и пробав. И ден денес правам рижото и тесто за пица по нејзина рецепта. Е, сакав да пишам за да пофалам, ама денес утре и не се случи, па рубриката престана да се апдејтува и никогаш не ти напишав.

Кога гледам пред некое време „Храна за возрасни“... Како чоек што со готвење се бави онака како хоби и што скоро секоја вечер готви, си викам, морам да пробам.

Читам пред два- три дена тоа чудото со карфиолот. Карфиол јадам два три пати годишно во туршија (која јас ја немам од објективни причини) со ракиичка, си викам да пробам, али сигурно ќе заборавам да купам карфиол.

Дедо ми вечерва доаѓа, вика абе имам карфиол у фрижидер, да зготвиме нешто. Кај мене ентузијазам за карфиол нула, ама ми текнува на рецептата па викам, носи тоа карфиолот!

Боже храната, РАПСОДИЈА!! Мавнавме цело тепсииче со жена ми и дедо ми!

Поента, нека ни е здрав и зив Кирил и нека продолжи со рецептите. Одлично написани, а исто така и одлично вкусни.

Следно пробувам тоа чудото за мамурлук, не излагам често, ама кога излагам увек е едно а пијам двеста пива, точно така како што пишува :-)

Бидете здрави и живи и само Кирил нека продолжи со рецептите, полна поддшка!

И да, last but noty least, честит редизајн на офф.нет. Супер изгледа и збогатен со нови содрзини.

Се најубаво,
Лорен Николовски

*****************

Рубриката „Храна за возрасни“ и рецептите на Кирил се ОВДЕ

20 октомври 2021 - 08:31