Почитуван господине Трендо,
Јас сум Славко и се обраќам до Вас за помош и поддршка со наслов: КАРИКАТУРАТА како превозно средство на ВИСТИНАТА.
Јас сум жртва на полициско-судска спрега во монтирано кривично дело (види доказ) која повеќе од 2 години бара правда. Се служам со сите средства за вистината да излезе на виделина. Вие како синоним на духовит човек за нашето македонско општество ќе имате разбирање за користењето на карикатурата како духовита алатка во борбата против неправдите.
За мојот случај, случајот против Славко, изготвена е една серија на карикатури од режирана истражна постапка препознавање. Ве молам ако може барем една карикатура да биде поставена во некое ќоше на порталот за неколку секунди. А после нека исчезне. Само толку.
Благодарам,
Славко