Писма на алтан читатели

Иначе 9 месеци поминаа до сега, скоро и да заборајв на случкава, ко еден ден читкам наваму натаму и шо да прочитам:

Трендо

Пред неколку месеци пратив алтани на девизна сметка (на една од нашите ценети банки во МК) која гласи на мое име. Пред да дојдам во америкава , чисто прашав во банката шо треба како треба, во случај да пратам пари па некој од моите дома да ги подигни. Полномошно требало. Полномошно?? Бујрум полномошно (од брата ми) кадибабе. Си дојдов јас тука во држајве амерички, арбајтен неколку месеци, и ај викам да пуштам нешто дома (сума доволна за да се почни мал бизнис), нека им се најдат за нешто на моите чунки не бива, сум дошол тука и сум ги заборајл дома, ќе зборваат луѓето, не' не ги знајте какви се... ок, одам во една од тукашниве ценети банки, кажвам шо е како е, се помина во најдобар ред, парите ќе бидат на сметка во рок од 10 дена. ама, времето си врвеше си врвеше, недела, месец, пари на сметката нема уште... шо можи да е работата се чудам?! Отиде полномошникот неколку пати да праша шо е проблемот, и господинот од фотељата рекол дека треба, или да одам лично или да прикажам документ од мојот престој во државјево тука.. чунки било ептен сомнително, зошто сум пратил пари на сметка со мое корисничко име од друга сметка со мое корисничко име.... тоа било така според таканаречениот правилник на НБРМ.. абе мамичето....

Епа ефенди ага кадибаба бег паша Богов имам неколку прашања:

- Ќе ми (ис)платиш ли 2000$ патни трошоци па дојдам да ги подигнам алтаните лично?
- Треба ли да се сликам со CEO-то на банката и меѓу нас во рамка да стои банкарски извод на кој јасно се гледа мојата адреса на живеење тука во белиов свет??
- Или да тркнам на брзинка до фби или циа да ми издаат документ дека не сум исклучително опасна и сомнителна личност (само) за банките во Македонија???
абе комедии сте живи...

иначе 9 месеци поминаа до сега, скоро и да заборајв на случкава, ко еден ден читкам наваму натаму и шо да прочитам:

http://vecer.mk/ekonomija/iselenicite-prakjaat-pari-no-treba-da-se-ubed…

и си реков, морам да пишам на Трендо оти ко порачано ми дојде.
поздрав од сомнителнонесудениселенинвеститор.

 

2 декември 2014 - 13:57