Пиратски писма на читатели

Сакам да споделам едно лично и пред се скапо искуство од мојот последен одмор. При последната посета на Германија, по навика, си симнав цртан филм за ќерката од zamunda.net.

10 дена подоцна на нашиот домаќин во Германија му стигна известување на 12 страници за злоупотреба на авторски права за цртаниот филм Ice age и негово неовластено дистрибуирање, со сума за наплата од 915 евра. Која уредно ја плативме. Или тоа или затвор за сопственикот на рутерот.

Седнав и почнав да откривам на нет дека во Германија лани е донесен закон, под големо влијание на Универсал студиос, Сони и остали "пикчрс", според кој симнување видеа преку торент се третира како кривично дело и казните се до 1000 евра. Они се повисоки, ама се ограничени, да не се оптоварувал буџетот, согласно законот за домаќинства.

За да се избегнат ваквите злоупотреби, наводно, се скенираат активностите на сите вифи мрежи на домаќинствата во државата (Германија има 80 милиони жители, околу 20 м. домаќинства). И се "ловат" солидни суми пари од туристи, гости и азиланти пред се, зашто тие сме тие што за еден филм 50 евра не даваме никад. Све док не нè улови форензичкиот тим на тета Ангела.

Останатите јавни вифи мрежи функционираат со регистрирање на корисникот или со прифаќање на Т&С со што се согласувате да ги сносите последиците за вакво дело. А пошто вифито у роаминг ни е потребен ко вода, прифаќаме се.

За следната посета на Германија ќе користам Нокиа 3310. Од старите.

М.

11 август 2017 - 10:24