Неасфалтирани писма на читатели

... како тие би ја согледале состојбата на патиштава барем на слика, зашто изгледа од канцеларија не излегуваат, или барем тој што треба да излегува се загинал во некоја од дупките по патот па не стигнал да пренеси дека ПАТОТ КОЈ Е МАСОВНО НА ЦЕЛО СЕЛО не заслужува да го носи името пат.

Здраво,

Ти пишувам со надеж дека ова ќе им го привлече вниманието на дежурните владини или општински "лица" задолжени за следење на состојбата на медиумиве, па тие би им сугерирале на општинските органи задолжени за одржување и санација на патната инфраструктура, дека некоја будала му пишала на трендо од офф.нет па како тие би ја согледале состојбата на патиштава барем на слика, зашто изгледа од канцеларија не излегуваат, или барем тој што треба да излегува се загинал во некоја од дупките по патот па не стигнал да пренеси дека ПАТОТ КОЈ Е МАСОВНО НА ЦЕЛО СЕЛО не заслужува да го носи името пат.
На сликите да се забележи очајната состојба на регионалниот пат Битола-Демир Хисар-Кичево. Дупки насекаде наместа со длабина поголема од 20 тина cm. откорнат асфалт кој зафаќа неколку квадратни метра од двете ленти, ако треба да одиш од Битола за Кичево викни си и неколку другари со тебе за да можите да го крените автомобилот на одредени места и на раце да го пренесите преку она што некогаш било АСФАЛТИРАН пат!

Ова е само дел од состојбата, не можев се да фотографирам оти едноставно ан секои 100 метра има што да фотографираш.

Мапа од посочениот "пат"
https://goo.gl/maps/t5biL

Благодарам на потрошеното време за читање на мојов крајно небитен проблем.

Поздрав.

12 март 2015 - 13:51