Наведнати писма на читатели

Колку за илустрација (за не-математички развиените умови) - со овие покачувања, доколку во јануари сме плаќале некоја си сума за изминати просечни 1.000 километи месечно, во март за тие 1.000 километри ќе си плаќаме уште 500 денари плус. Да ја дополнам илустрацијата, делот од домашниот буџет кој го чуваме за да си го платиме денес нашиот најверен пријател - интернетот, сега ќе си го оставаме на некоја од бензиските на Партизанска, Илинденска или било која улица низ Скопјево и Македонијава.

Здраво Трендо,

Тука е долгогодишен следбеник на товјата работа во он па сега и во оф. Инаку ова е прв пат што ти пишувам. Не сум новинарски образован но се трудев најдобро да го составам она што моментално ми трча низ главата. Го пишував со 98-октански гнев кон Регулаторната комисија за енергетика и кон Македончето кое го прифаќа ова како секојдневие. Ако ти се допаѓа објави го, ако не – Junk. Поздрав

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

"Регулаторната комисија за енергетика одлучи од денес на полноќ цената на бензините да порасне за два денари, а на дизелот за половина денар за литар."

Си седам денес на работа, го читам ова и си размислувам - "Епа Македонче, само ти седи си и плаќај си - така е најубаво. Платата и самиот си знаеш дека од полноќ нема да ти се покачи за 10%. Всушност нема да ти се покачи ниту за 0,1%. Но што ќе правиш, 500 години турско ропство ти оставил психички белег на понизност и лесноприфатливост, а и една поговорка -„Наведната глава, сабја не ја сечи" која на секој Македонец му е многу лесно да ја прифати. Ајде тргни го тоа размислување малку на страна и прифати ја поговорката заедно со нејзиниот втор дел кој изгледа низ тие 500 години е заборавен и исфрлен во заборав-

"Наведната глава, сабја не ја сечи, НО И БЕЛ ДЕН НЕ ГЛЕДА"

Не ми е јасно како досега ниту еднаш и ниту една граѓанска иницијатива не се спротистави на ова НЕНОРМАЛНО покачување на цените на бензините кое далеку го надминува ефектот на „Зовриена жаба„!

"Појаснување - (http://en.wikipedia.org/wiki/Boiling_frog)"

Колку за илустрација (за не-математички развиените умови) - со овие покачувања, доколку во јануари сме плаќале некоја си сума за изминати просечни 1000 километи месечно, во март за тие 1000 километри ќе си плаќаме уште 500 денари плус. Да ја дополнам илустрацијата, делот од домашниот буџет кој го чуваме за да си го платиме денес нашиот најверен пријател - интернетот, сега ќе си го оставаме на некоја од бензиските на Партизанска, Илинденска или било која улица низ Скопјево и Македонијава.

Лани, во ноември во Лондон, по покачување на цената на бензинот од само 3p=2.31 денари, цел Лондон застана на нозе и го организираа "2011 Fuel Protest" кој веднаш резултираше со намалување кон старата цена на бензиските деривати. Потполно разбирливо - не биле 500 години угнетувани и навикнати на вакви третмани од државата, и најверојатно ја знаат во целост горенаведената поговорка. Сега ни останува малку да ги прочешаме малку главите и да размислиме што е најправилно да се направи во ваков момент, та да не си останиме жабче кое убаво си се крчка во тавчето на Регулаторната комисија за енергетика.

До следното покачување, Ратко

13 март 2012 - 09:08