НАСЛОВ НА НАЈДОБРИОТ ТЕКСТ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ГО ПРОЧИТАЛЕ
Воведот на ''Најдобриот текст што некогаш сте го прочитале'' е јасен, концизен и експлозивен, со цел да ги натера читателите да продолжат со негово разгледување. Најчесто се состои од две до три сложени реченици и ја навестува темата која ќе се разработи поопширно во продолжение на горенаведениот наслов.
Делот, кој мнозинството би го окарактеризирало како главен дел на''Најдобриот текст што некогаш сте го прочитале'', во себе содржи повеќе пишани елементи како и скриени или јасно потенцирани стилски изразни средства. Овој дел мора да биде неутрален и да ги претстави сите страни, а во случај да не биде така, тогаш авторот ќе се соочи со низа на негативни коментари од најразлични интернет предатори – Тролови што немаат допирни точки со Толкин, Спамери или Деца во претшколска возраст. Темата на ''Најдобриот текст што некогаш сте го прочитале'' е актуелна и внимателно е пренесена на хартија за да можат да ја разберат и децата, и старците. Средновечните спаѓаат во посебна категорија и за нив се изнајмуваат повеќе експертски тимови кои работат деноноќно за да го задоволат нивниот префинет вкус. Посебно внимание треба да се обрне на употребата на национализмот во ''Најдобриот текст што некогаш сте го прочитале'' затоа што несакано можат да се предизвикаат меѓусерверски интернет препукувања во кои не се штедат средства и килобајти. Според едно истражување спроведено спроти Харвард заклучено е дека постојат повеќе причини за започнување на студените војни кои хиерархиски подредени би изгледале вака:
Некупување на омилената играчка во детствотоСексуални Фрустрации или неисполнети фетишиТегоби во стомакот поради преголема конзумација на лесно расипувачки производиФизички проблеми (премногу висина, премалку висина, премногу маса, премалку маса итн.)Случајно вдишување на хелиум и/или ненамерно вбризгување на силициум во мускулНедоразбирања од интелектуални причини
Во продолжение, како предуслов кој мора да се исполни во текстови од ваков тип, било тоа да се есеи, биографии, кратки приказни или кратки биографски есеи, погрешно би било да се употребат набројувања. Повторувањата на едни исти зборови треба строго да се избегнуваат, а зборовите строго треба да се избегнуваат и да не се повторуваат. Речениците мора да имаат смисла , а затоа што никако не теба да се глтаат или гресат бкви. Навраќање на темата е сосема непотребно. Инаку, интернет предаторите најчесто напаѓаат ноќе додека се исклучени антивирусните програми, апозиција, а пленот го ловат така што му припремаат психолошка стапица, и во момент на беспомошност, го вбризгуваат својот синтаксички погрешен коментар во неговиот мозок. Жртвата, така збунета, бара излез од новонастанатата ситуација, но најчесто не го наоѓа и безусловно капитулира потпаѓајќи под канџите на предаторот. ''Најдобриот текст што некогаш сте го прочитале'' при крајот на главниот дел полека се приближува кон заклучокот и го наведува читателот на чувство на емоционална исполнетост.
Завршниот дел е краток и јасен.
Адријан