Мета - писмо на читатели

Здраво Трендо,
Да не вртам многу наоколу, сакам веднаш да ти кажам дека сите оние „Писма на читатели", кои планирате да ги објавите, а кои се напишани на латиница од луѓе кои имаат нешто да се пофалат/пожалат, сум спремен да ги препишам бесплатно на кирилица и да ти ги вратам, па да ги објавите на сајт.

За максимум еден ден, со исклучок за време на одмори.

Е толку ми „шкрипи" латиницата.

п.с. порака со сите оние кои ги мрзи за стиснат „alt+shift" на тастатурата: можете и со гом*а да пишувате на македонски јазик, секој ќе ве разбере, ама напишаното пак ќе биде гом*о.

Поздрав

 

18 септември 2015 - 11:01