Контратужбени писма на читатели

Јас нема да ги пресечам цевките што се движат угоре и на Топлификација и носат профит, ама нема да се откажам да иницирам пријава за некоректна (незаконска!) употреба на македонскиот јазик од страна на ДООЕЛ-от.

Здраво Трендо!

Денес добив, како договорно исклучен корисник (!), Известување од СНАБДУВАЊЕ ЗАПАД дооел (!) Скопје за промените во снабдувањето со топлинска енергија. Ова што го прават Топлификација и Регулаторната е без преседан во нормална земја, што е уште еден пример кој потврдува дека сме земја на чудеса.

Јас нема да ги пресечам цевките што се движат угоре и на Топлификација и носат профит, ама нема да се откажам да иницирам пријава за некоректна (незаконска!) употреба на македонскиот јазик од страна на ДООЕЛ-от.

На една страница текст од 25 реда има 17 лекторски грешки, што потврдува дека известувањето не е лекторирано!

А за тоа, имено, следува парична глоба согласно Законот за употреба на македонскиот јазик, член 13 (!) во износ од 2.500 евра до 3.000 евра на правното лице, односно 700 до 900 евра на одговорното лице во правното лице, пишува во Законот.

Јасно, не добивам ништо лично, освен сатисфакција во оваа немаштија.

Слободан Петровиќ

5 септември 2012 - 11:57