Извршителски писма на читатели

Кога го прашавме извршителот зошто не бил никој известен 9 години, одговорот беше дека случајот бил изгубен во судските лавиринти. Денес, поради некоја случка од пред 12 години за која појма нема никој и за која се чекало + 2 години за да бидеме известени, треба да се платат скоро 30.000 денари (со вклучени камати).

Здраво Трендо,
Се надевам ќе го отворите меилов и ќе го објавите следниов случај, за кој бевме известени денес. Презимето на лицето ќе биде тргнато, за да нема дополнителни „притисоци“.

*********

Пристига известување од Стопанска Банка дека е блокирана сметката по налог НЛБ Банка од страна на извршител. По средба со извршителот, го известуваат лицето дека поради некаква неплатена полиса од 2007 година, е поднесена тужба која е завршена во 2009/10 година.

Кога го прашавме извршителот зошто не бил никој известен 9 години, одговорот беше дека случајот бил изгубен во судските лавиринти.

Решението, или како и да се води документот кој требало да го добие лицето, бил со некој датум од 2018 година (така нè известија од компанијата од каде е издадена полисата). Извршителот кој што може да го видите на сликите, чекал скоро 2 години да го предаде на лицето, се со цел зголемување на каматата.

Денес, поради некоја случка од пред 12 години за која појма нема никој и за која се чекало + 2 години за да бидеме известени, треба да се платат скоро 30.000 денари (со вклучени камати).

Не негираме за случајот, можеби не била платена стварно, не памтиме што се случило пред 12 години, но да се чека до декември 2019 за случај од 2007 година, е повеќе од смешно (или трагично).

Би биле среќни доколку некој се понуди на правна консултација во врска со овој случај. Слики во прилог од полисата и тужбата.

Поздрав

11 декември 2019 - 14:07