Хороскопски писма на читатели

Овој старомакедонски хороскоп сум го зачувал од Нова Македонија од пред мнооогу години. Ме поттикна да го внесам во електронска форма и, еве, да ти го испратам. Сум го тестирал на двајца, односно тројца исклучително специфични луѓе, со исклучително специфичен карактер, а кои не се родени во ист хороскопски знак од класичниот хороскоп, туку во ист знак според овој, старомакедонскиот. Поклопувањето е фрапантно.

Тајната на дрвјата

Се смета дека овој старомакедонски хороскоп е всушност стар Друидски систем на прорекување на Келтите и се засновува врз почетокот на годишните времиња. Според Келтското верување дека секој човек "има" свое дрво, во овој хороскоп знаците се наречени според имињата на дрвјата.


Даб (21 март)
Како сите дабови, луѓето родени под овој знак (на овој ден) се силни, моЌни и убави. Поседуваат голема сила, па ја нудат и на другите - како за[тита. Не поднесуваат крв и болести. Истрајни се, горди и стабилни. Над сé ја сакаат и ја ценат својата слобода, но и слободата на другите. Не поднесуваат никакви стеги и ограничувања. што Ќе наумат тоа го прават. Верни пријатели се, но и лути непријатели. Неверни се во бракот, но се многу среќни (среќливи), па се извлекуваат и од неверојатни ситуации и опасности.

Лешник (од 22 до 31 март и од 24 септември до 3 октомври)
Ова се луѓе на крајности и противречности. Мораат да сакаат или да мразат - средина нема! Обично си ги уништуваат љубовните врски од препотенција и егоизам; ќе го обвинат партнерот за своите грешки. Сакаат власт и положба. Не бираат средства за да дојдат до нив. Подобро е да се држат на дистанца. Им се припишува и огромна интелигенција, како и можности за телепатија и телекинеза. Ова е поради тоа што лешникот се сметал за дрво на магијата.

Оскоруша (од 1 до 10 април и од 4 до 13 октомври)
Ова се емотивни и чувствителни луѓе. Сакаат да бидат сакани. Инсистираат на елеганција. Во љубовта имаат високи барања. Не можат да живеат без љубов, поради [то семејниот и општествениот успех им постануваат императив во животот. Верни се во бракот и никогаш не се причина за раскинување или за развод. Имаат голем успех во финансиите и во вложувањата. Парите просто се "лепат" за нив. Многу често се банкари, менаџери, инвеститори и работат слични работи сврзани со парите.

Јавор (од 11 до 20 април и од 14 до 23 октомври)
Овие луѓе секогаш се во потрага по нови суштини, истражувања. Ги обележува огромна интелигенција. Можат многу лесно да ги дознаат тајните на луѓето, но нив ги чуваат за себе. Сакаат да ги нагласуваат својот ум и изглед. Имаат голема имагинација и фантазија. СекогаШ знаат да реагираат на вистински начин. Оттука, многу лесно доаѓаат до саканиот партнер. Успешни љубовници се, но перверзни, бидејќи секогаш бараат нови предизвици. Иако чудно изгледа, нив ги привлекуваат свештените, педагошките професии и слично.

Орев (21 до 30 април и од 23 октомври до 7 ноември)
Луѓе кои, во основа, на работите гледаат црно-бело. Многу се срамежливи, па поради таа особина не можат да бидат природни. Бргу менуваат расположенија - во еден момент се пријателски расположени, во друг не. Агресивни, љубоморни, посесивни се во љубовта и во љубовните односи. поради Постојаната "маска" што ја носат никогаш не се знае во суштина какви се. Околината многу тешко ги прифаќа поради чувството на несигурност што го шират.

Топола (од 1 до 14 мај, од 4 до 8 февруари и од 5 до 13 август)
Ова се многу песимистички луѓе. За разлика од "луѓето-орев", овие работите ги согледуваат исклучиво низ црна призма. Но, благодарение на овој свој став, излегуваат од секоја тешка ситуација бидејќи секогаш се подготвени за тешкотии и за лошо. Добро и прецизно ја проценуваат ситуацијата. Детално се подготвуваат за секоја евентуална тешкотија. Секогаш им се присутни цинизмот и сарказмот. Многу се отворени во комуникациите со луѓето. Интелектот им се развива со текот на годините. Во доцните години постануваат "пророчки" мудри. Секогаш се насмеани; непредвидливи се во одлуките. Не поднесуваат работа во групи. Имаат неверојатна интуиција. Боледуваат од срце.

Костен (15 до 24 мај и од 8 до 21 ноември)
Костенот кај старите Словени (античките Македонци) бил симбол на правдата. Родените во знакот на ова дрво реагираат на секоја неправда. Имаат вродено чувство за правичност. Но не поседуваат такт, така што со своето однесување и инсистирање за правичност ја дразнат околината. Сакаат многу да трошат пари па, иако реагираат на неправда, честопати се служат со сомнителни работи за да стигнат до нив. Несигурни се во себе па им е потребен партнер на кого Ќе се потпираат. Се вљубуваат еднаш за "довека". Мораат да внимаваат на повреди, бидејќи не се сконцентрирани.

Јасен (од 25 мај до 3 јуни и од 22 ноември до 1 декември)
Ова се врвни конформисти, неретко на сметка на другите. Но, кога ќе се "определат" за партнер, му ја подаруваат сета своја верност и поддршка. Интуитивни и мудри се во работењето. Брзо се искачуваат на скалите на успехот бидејќи се многу славољубиви. Многумина родени во овој знак имаат интиутивни и други парапсихолошки особини, па честопати се добри медиуми.

Сикомора (дива смоква) (од 4 до 13 јуни и од 2 до 11 декември)
Родените во овој знак тежнеат кон уметноста. На сé што не им се допаѓа и што не ги привлекува, гледаат со презир. Поважни им се илузијата и привидот отколку суштината. Не ги прифаќаат лесно (најчесто воопшто) прогресот (напредокот) и новото. Најсигурно се чувствуваат во голема група луѓе бидејќи болно се плашат од осаменост. Сакаат да се китат со медали, со одликувања, со значки; ги привлекува сјајот. Најчесто се артисти и актери. Во љубовта се сериозни, иако не се особено верни.

Смоква (од 14 до 20 јуни и од 12 до 21 декември)
Луѓето родени во овој знак многу се чувствителни, сентиментални, со мирен карактер и добронамерни. Поради тоа, често, самите себеси се ограничуваат и тоа на своја штета. Често глумат дека работат, скривајќи ја својата голема мрзливост. Потребни им се големи простори и топлина за да можат да функционираат.

Бреза (21 јуни)
Ова се луѓе полни со живот, ведрина и добро расположеие. Во основа се моралисти и традиционалисти. Секогаш се добро примени во друштво. Имаат високи морални критериуми. Интелигентни се, со огромни работни капацитети. Заради силната волја ретко кога се откажуваат од некоја работа на половина пат. Во љубовта се исклучиво верни. Кавги не поднесуваат и ретко се замеруваат со луѓето, држејќи си го своето мислење за себе. Не се амбициозни, ниту се честољубиви.

Јаболка (од 22 јуни до 4 јули и од 23 декември до 1 јануари)
Шарм, сексепил, нежност - тоа се особините на родените во овој знак, особено на женетите, кои имаат и неверојатен еротски набој. Имаат брзо темпо на живеење, барајќи секогаш мотив и стремеж во љубовта. Многу трошат и тоа неразумно. Поради тоа честопати се опкружени со многу лажни пријатели при што од нив се погрешно наведувани и изигрувани со лажни надежи, зделки и слично. Во финансиите воопштго не се снаоѓаат. Тежнеат кон научна работа. Сакаат добро и гурмански да се хранат. Воопшто, тежнеат кон удобен живот.

Елка (5 до 14 јули и од 2 до 11 јануари)
Аналитички се, но и егоцентрични луѓе. Особено им е изразена славољубивоста. Во заедничкото живеење се "тешки" - од партнерот бараат сé, но многу малку даваат. Се сметаат за "центар" на светот. Имаат голема дарба за музика и електроника. Најдобро се докажуваат во индивидуални професии, кај кои до израз може да дојде нивната интелигенција и аналитичност. Се страствени колекционери на старини, но ако не се, тогаш тежнеат кон складирање на сé и сешто, па неретко, нивните домови изгледаат како склад на непотребни работи.

Брест (15 до 25 јули и од 12 до 24 јануари)
Од луѓето во сите знаци на старословенскиот (античкомакедонскиот) хороскоп, мажите, а особено жените од овој знак се сметаат за најубави луѓе. Тие се мирољубиви, праведливи - тежнеат кон професии кај кои во преден план се правдата и спроведувањето на законите. Особено ценат добра трпеза и јадење. Во средни години мажите многу често имаат значителен "вишок" килограми. Брачни неверства кај припадниците на овој знак не постојат.

Чемпрес (од 26 јули до 4 август и од 25 јануари до 3 февруари)
Кај Словените чемпресот има магиско значење на верност. Луѓето од овој знак се такви и во љубовта и во пријателството. Такви се "догроба". Вистински аскети се - им треба и за себе бараат многу малку. Имаат способност да се приспособуваат кон секоја непријатност. Иако се раѓаат вити и жилави, со време постануваат многу "тешки и широки", бидејЌи не се интересираат за својот изглед, односно не водат многу сметка за себе.

Бадем (од 14 до 23 август и од 9 до 18 февруари)
Тоа се вечни оптимисти, каква Што е и симболиката на бадемот. Луѓето од овој знак наоѓаат излез од секоја ситуација. Тие се непоправливи романтичари. Парите ги сметаат за нужно зло - за преживување. Имаат уметнички особини. Поради немање наклонетост кон заповедање честопати се незгодни и со лоШа волја. Имаат претерана самодоверба. Понекогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. Поради романтичноста, во љубовта не прават разлика помеѓу љубов и авантура, поради што имаат проблем кога треба да се "освестат".

Бор (24 август до 2 септември и од 19 до 28-29 февруари)
Луѓето од овој знак ги знаат и се свесни за своите квалитети и вредности, но им недостига благодарност, така што самите се истакнуваат и секогаШ знаат што сакаат. Имаат вроден комплекс на повисока вредност, поради што најчесто страдаат тие што се со нив. ТеШко е да себиде со нив во заедница, бидејЌи во љубовта се "диктатори" и сé подредуваат на своите желби и замисли.

Врба (од 3 до 12 септември и од 1 до 10 март)
Чувство за слобода, непризнавање на стеги, патувања, авантури - тоа се главните особености на припадниците на овој знак. Жените се посебно Шармантни, но и лесно подведливи. Лесно се препуштаат на забава и на разоноди. Им лежат уметнички занимања, новинарство и слично. Немаат автократски наклоности.

Липа (13 до 22 септември и од 11 до 20 март)
Припадниците на овој знак-дрво се религиозни и тежнеат кон мистицизам, строгост и слично. Не им се туѓи ниту магијата, забранети верски здруженија и секти. Поради архаичноста на описите, ова во денеШни услови треба да се земе многу условно. Сигурно е дека се љубоморни, што им создава проблеми и ним и на околината, особено на жените. Многу лесно се лутат.

Цреша (23 септември)
Ова се мудри и мирољубиви луѓе. Не поднесуваат неправда. Секогаш ќе возвратат со иста мерка. Но, лесно се провоцираат и во такви случаи не реагираат на вистински начин. Не знаат за љубомора и завидливост. На животот гледаат филозофски. Врските им се спокојни и хармонични. Велат, вистинска среЌа за маж е да се ожени со "жена-цреша".

Бука (22 декември)
Луѓето од овој знак се конзервативни, работливи и штедливи до скржавост. Во младоста немаат многу успех во љубовта. Најголемиот "сјај" го постигнуваат во доцните години од животот. Чисти се, уредни и елегантни. Ги обожуваат децата. Во старословенскиот хороскоп тоа се најдобрите баби и дедовци; поради вродената скржавост само заради децата можат да го одврзат кесето. Имаат опсесивен страв од сиромаштија и од дебелеење.


со почит,

Владимир П.

 

15 април 2012 - 08:41