Што нè кошта да гледаме?

А где је точак

Знаете дека ги симпатишеме оние од #НаТочак јер - се симпатични. Сега тројца од нив имаат проблем затоа што - немаат точак. Да пробаме да отвориме очи и ако ги најдеме (улица, маало, онлајн пазари) да ни биде убаво?

Здраво Трендо,

Ќе те замолам за нешто. Ние сме група точкаџии кои празников го поминаа возејќи низ Македонија.

Синока (4 мај) Од Битола решивме да се вратиме до Скопје со воз и тоа си оној последниот во 18:30 кој доцнеше и не тргна се до 19 30. Си ги товаревме точаците (3 комада), ги врзавме и тргнавме накај Скопје,

Од време на време фрлавме око да видиме дали се тука, ама во возот се напрај многу гужва.

Да скратам, стигаме во Скопје и - точаците ги нема. Некој ги има дрпнато сите три, врзани меѓу себе некаде помеѓу Чашка и Скопје. Еве во прилог неколку фотки па те молам ако може да ги објавиш. Сигурно некој има приметено луѓе кои влечкаат три точаци врзани наопаку еден за друг, а два од нив имаат дисаѓи на задно тркало.

Ако некој ме види нека ме бара лично на овој маил пошто неверувам дека полиција ќе направи нешто.

petarnikoloski@gmail.com

5 мај 2014 - 14:17