Кец у два

На Крушевчанецов ептен му лежи Белгија

Ај дека немаш г`з да ставиш 200 евра на Белгија полувреме/крај? Ај дека имам. Ај дека немаш г`з пак да ставиш 200 евра на Белгија полувреме/крај? Ај дека имам. Тоа е, не за џабе рекле дека за сè треба да имаш к`смет во животот. Па така и за спортска. Белгија до 69-та минута губеше 0:2 од Јапонија.

Не е можно да постои ваков малер на колото

Откако ќе видите ликов што уплатил и кога ќе го прегледате голот на Крос против Шведска прво што ќе речете е: Не е фер, треба да му ги исплатат парите.

Махер (коцкар) на колото

Да чекаш 2 гола во прво и 2 во второ е лотарија и ништо друго. Впрочем само два меча завршија до сега така од вкупно 14 на Мундијалот. Да ставиш 100че, 200, па и 500 ок, ама 5 бона на ваков многу тежок тип за гаѓање? Браво за тебе друже, со здравје да си го трошиш 100чето.

Шест махерски тикети како за старт на Светско

Не е битно кој колку фатил, битно е дека на сите им тргна, барем од тие кои ни испратија до сега тикети од Мундијалот. Нека е вака до финале.

Махер на сезоната кој ги чува сите тикети кои ги уплатил

Овој махер не е ист како сите други, туку овој е статистички махер, а истовремено и педантен, бидејќи ги чува и ги брои сите тикети кои ги уплатил во цела сезона.

Бакшиш на колото

Врти околу тебе а ти во џеб имаш крупно па не ти дава срце или имаш картичка а банкомат 100 километри подоле кај бензинската. И се фаќаш за заден џеб.

Царот што фатил пари на кладба Барди дава од слободен

Паметно. Човекот намирисал дека Енис сезонава шутира слободни удари подобро од најголемите ѕверки во шпанска Примера и решил да праша за коефицент. На 11 квота уплатил 50 евра на два тикета и ене го на каса чека 550 евра. Така се игра. Алал вера мајсторе.

Малер на колото кој стана махер со иле

РК Вардар синоќа даде гол во последните мигови од средбата против Кил и го израмни резултатот на 28:28, но судијата го поништи, а интернетот додека се свести отиде возот. Читател ни пиша дека му го исплатиле тикетов веднаш по крајот на мечот, бидејќи на некои портали како резултати.ком се укочил нерешениот резултат. И тоа да види човек.

Најголемиот махер кој ја истипува Ливерпул - Рома

Колку треба да си к`сметлија за да ти излезе точен резултат натпревар од ваков калибар? Зборуваме за полуфинале од ЛШ кое не е лесно конечен тип да го погодиш или на голови, а па да не зборуваме за точен резултат.

Малер на колото за 470.000

На првиот тикет погодил три точни резултати и паѓа само на Сити кој тепаше 1:3. На вториот го погодил Сити и уште четири нули. Чека вкупни 9.400 долари, а вложил 6.

Двајца малери на колото од кои Оливер нека бега подалеку

Додека на нашиот од Радишани, судијата Мајкл Оливер и егзекуторот Кристијано Роналдо му донесоа фина пара, двајца Италијанци не можеле на себе да дојдат во таа пеколна драма на Бернабеу. Неверојатни тикети.

Навивач на Јуве од Радишани фати 170.000 благодарение на Роналдо

Прво и основно дечково е махериште што успеал на ваков начин да погоди две четвртфиналиња од ЛШ. Второ имал к`смет бидејќи парите ги доби со контроверзен пенал во 93-та од кој Фејсбукот се претвори во воено поле. И третово е малку нејасно, а тоа е како реагирал. Урлал од радост за добивката во последни секунди или го искршил телевизорот како навивач на Јувентус?