Фудбал

И Пеп има одговор на тоа ваше „колку пари потроши“

„Премиер лигата била досадна? Претходно викаа до парите е... Ако беше тоа причината (парите), тогаш Јунајтед ќе ги освоеше СИТЕ титули. Второ, Челси. Сите титули! Трето, Арсенал! Сите титули! Тие потрошија повеќе пари од Манчестер Сити во последните пет-шест години. Тие МОРАШЕ да бидат тука на врвот“.

Нестварно промашување на дуелот Астон Вила - Ливерпул

Четвртопласираната Астон Вила му извади 3:3 на третопласираниот Ливерпул после негатива од 1:3 и тоа со голови во 85-та и 88-ма минута. Во 36 минута се случи промашувањето на сезоната во Премиер лигата, дело на Диего Карлос.

Холандско кој последен се смее, најслатко се смее

Во холандската втора лига имало интересен крај. Во последното коло Гронинген и Рода во директен дуел се бореле кој ќе влезе во прва лига, а интересно е тоа што недела дена претходно поради грешка на спикер навивачите на Рода веќе прославија пласман.

Ова е најлошиот Јувентус од кога и да е

Ако некој ви каже дека Јувентус на последните 17 меча во Серија А имал само три победи, дали би му поверувале? А уште па и притоа да ви каже дека на таков катастрофален учинок со уште помизерна игра и натаму е четврти со 67 бода, тогаш прашање е што ли се случува таму?

Голманска пакост

Во англиската четврта лига, позната во тамошниот систем како League Two, во полуфинале на бараж за пласман во трета лига, Донкастер го добил првиот меч 0-2 на гости кај Кру Александра. Ама овие возвратиле на реваншот со ист резултат 0-2 па после продолженија отишле на пенали. Таму домашниот голман Ло-Тутала си имал на шишето напишано кој фудбалер на Кру обично каде шутира пенали. Ама другиов голман, 27-годишниот Полјак од Кру му го заџитарил шишето далеку во публика на трибини.

Аргентинскиот голман Мартинез стана рекордер по автоголови

Астон Вила и Ливерпул одиграа врвен меч со дури 6 гола а црвените може повеќе да жалат затоа што примија два гола во рок од само две минути. А Ливерпул прв го отвори резултатот уште во 2’ минута кога ексцентричниот и непристоен аргентински голман Емилијано Мартинез си даде глуп автогол, негов трет рекорден откако е во англискиот фудбал. Ниеден голман во Премиер лига не си дал повеќе автоголови од него.

Во Иран падна гол-кандидат за најубав на сезоната

Фариборз Герами, 31-годишниот фудбалер на Зоб Ахан, клуб од Иран, на меч против Паикан ФК постигна неверојатно голчиште.

Почнаа и во Англија валкано да играат

Глупата навика на навивачите ширум Европа да се поткраднат во некоја грмушка близу хотелот каде спие противничката екипа и во најсладок сон во 2-3 часот после полноќ да им згрмат долгоминутни рафали огномети ја префати и Англија. Така навивачи на Арсенал кој грчевито се бори за титула со Манчестер Сити отишле пред хотелот каде престојуваат „граѓаните“ и го сториле истото. Сити вечерва од 21:00 игра можеби решавачки меч за титула против Тотенхем на гости.

Фабрегас го внесе Комо во Серија А - најраскошниот град ќе има прволигаш после 21 година

Серија А од следната сезона ќе биде уште поубава. После повеќе од две децении се враќа Комо, клуб кој игра на самото најпознато езеро во подножје на Алпите.

А што да му правам кога е толку висок?

Во холандската Ередивизија има уште едно коло до крајот. Ексцелзиор се бори со РКЦ Валвајк за опстанок. Обете екипи имаат по 29 бода а во последно коло Ексцелзиор му гостува на Феенорд кој е од нивниот град Ротердам, а РКЦ Валвајк ќе оди кај шампионот ПСВ Ајндховен. Тренер на Ексцелзиор е 198 сантиметри високиот џин Маринус Дијкхујзен. Кога го интервјуираат од ЕСПН, водителката се качува на куфер за опремата.

Полека Костакурта, години се во прашање

Алесандро Костакурта е жива легенда на Милан со 5 европски титули и 7 Скудета. Цела 20 годишна кариера им ја посвети на Росонерите каде не се даваше до 41 година. Ама сега има 58. Не се малце за вака сликовито да објаснува во студио.

Деби гол на Перишиќ за Хајдук со домаќински волеј

Третопласираниот Хајдук Сплит одигра 1:1 на гостувањето против Истра. Домаќините поведоа по само 4 минути игра, израмни искусниот Иван Перишиќ кој ја зафати мајсторски на прва и го постигна првиот гол во дресот на хрватскиот прволигаш. Александар Трајковски беше стартер и играше 78 минути.

Анчелоти и бандата се местат да ја повторат легендарната слика од пред 2 години

Се работи за фотографија со пура и наочари направена во 2022-ра кога ги освоија Ла Лига и ЛШ. Ја повтори во друштво на Едуардо Камавинго, Винисиус Јуниор, Едер Милитао, Давид Алаба и Родриго.

Поранешен играч на Барса, го пратил братот-близнак наместо него во Динамо Букурешт

Романскиот фудбал се соочува со голем скандал, откако се испоставило дека фудбалер на Динамо Букурешт не бил тој за за кој сите мислеле дека е, туку неговиот брат близнак.

Славјето на Бонифејс со бројот 50

Сезоната 2023/2024 на Баер Леверкузен е за која нова фудбалска историја, досега не видена во фудбалот. На веќе предвреме прославена прва титула откако постојат, тие газат по 5:0 на гости, неверојатно. Непобедливоста стигна до 50 меча, а Бенфика на Еузебио ја оставија втора на 48. Нигериецот Виктор Бонифејс во ритам со навивачите.

Баер Неверлузен - 50

Баер Леверкузен го сомле Бохум на гости 0:5 во 33. коло од германската Бундеслига и покажа дека сезонава му нема рамен. „Аспирините“ освоија шампионска титула, за неколку дена ги чека и финале на германски Куп и финале на Лига Европа. Со победата против Бохум стигнаа до 50. јубилеен натпревар без пораз со што дополнително ја зголемија неверојатната серија без порази!

Пропаст до пропаст во Манчестер Јунајтед

Најтрофејниот англиски клуб со дури 20 шампионски титули, веќе неколку години не може да излезе од живата кал во која западна по заминувањето на големиот Сер Алекс Фергусон. Манчестер Јунајтед синоќа изгуби 0-1 од големиот ривал Арсенал, го претрпе 14-от пораз во сезоната (не било така со децении). Навивачите потопени и резултатски и буквално од дождот кој прокиснува преку кровот на веќе застарениот „Олд Трафорд“.

Немаше спиење во Болоња, се славеше на големо

Една од најубавите фудбалски приказни сезонава се крие во Болоња. Во 2014-та испаднаа од лига, а сега ќе играат Лига на шампиони. Еден Наполи нема да игра, а минатата сезона беа шампиони.

Велелепна акција на Абердин, нов гол на Миовски

Абердин го декласираше Хибернијан на гости со 0:4, натпревар на кој Бојан Миовски го постигна својот 16-ти лигашки погодок, вкупно 26-ти сезонава. Го помина Орајли од Селтик и сега е осамен на третата позиција. Абердин е на 7-ма позиција и до крај игра уште со Ливингстон и Рос Каунти.

Адеми ја заби против Осијек, а голот вреди нова титула за Динамо Загреб

Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.

Веѓа тактиката е на Анчелоти, ама ја има и Алонсо

Шегата на страна за ова со веѓата, но тоа што го прави Анчелоти со пресвртите во Реал веќе подолго време, сезонава го прави и Чаби Алонсо со Баер. Големи се шансите да се сретнат во финале и тоа уште летово.

Прославата на бисерот на Реал кој ја подели Јужна Америка

Бразилски Палмеирас со 0-5 го згромил уругвајски Ливерпул Монтевидео во 4. коло од групната фаза на Копа Либертадорес. Младиот 17-годишен Ендрик кој наскоро оди во Реал Мадрид со кого потпиша договор, постигнал гол во 82’ минута. Го прославил како кинг-конг за кој рекол дека му е омилен јунак од цртаните филмови. Му рипнаа да го тепаат.

Неверојатната 90+ серија на Баер Леверкузен

Некогаш ги викаа на времето Неверкузен затоа што во една сезона изгубија титула во последни кола, изгубија финале на Куп и финале на Лига на шампиони. Сега добија нов прекар - Неверлузен. Станаа нов германски шампион, ја урнаа хегемонијата на Баерн Минхен, ќе играат финале на Лига Европа, финале на германски Куп и имаат неверојатна, рекордна серија од 49 меча без пораз. Притоа на 17 меча сезонава дадоа гол во 90-та или во 90+ минути, а 12 од тие голови биле за пресврт или нерешено.