Фудбал

Што ли е таа мрднатост кај некои фудбалери?

Во 5. коло од најдобрата фудбалска лига во Мексико, на мечот меѓу Кверетаро и Атлас, гостите победија 1-2 со гол во 90+1' минута од мечот. Претходно во 62-ра минута домашните останале со играч помалку откако поради глупост бил исклучен Оскар Мендоза. Да го прашаш да не знае ни самиот зошто го направил ова.

30 години од најфраерскиот гол во германска Бундеслига

Роналдињо во една прилика изјави дека негов најомилен играч од кого научил многу трикови бил чудесниот Нигериец Џеј-Џеј Окоча. Овој фантастичен дриблер играше за нисколигашот Борусија Нојнкирхен, па за Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахше, ПСЖ, Болтон, Катар и Хал Сити. Кариерата ја заврши во 2008-ма. Како фудбалер на Ајнтрахт на меч против Карлсруе на денешен ден пред 30 години постигна маестрален гол откако ги шашардиса Славен Билиќ и Оливер Кан.

Очајно лош автогол на Ренџерс во ЛШ

По нерешените 2:2 на гости, фудбалерите на ПСВ го декласираа Глазгов Ренџерс со 5:1 и со вкупни 7:3 обезбедија пласман во групната фаза од ЛШ. При негатива од 4:1, Конор Голдсон ги дотепа своите.

Моќната патриотска порака на дресовите на одбојкарите

Маргинализирани со речиси никаква поддршка, пред неколку години со автобус се клацкаа до Полска. Потоа стигнаа до историски пласман на Европско, за овој пат да го играат како домаќини на кое се појавија ако големи патриоти со дополнителна мотивација испишана на дресовите.

Трето коло, а веќе има кандидат за гол на сезона во Шпанија

Не дека до крајот на сезоната која штотуку почна нема да паднат поубави голови од овој, ама ќе влезе во поширока конкуренција сигурно. На мечот меѓу Расинг Ферол и Спортинг Хихон во шпанската Сегунда, Хесус Кабрал со рабона му асистира на Ебер Пења кој маестрално пласира во агол за 2-0.

Шарената револуција која стана сапуница во шпанскиот фудбал

Женската фудбалска репрезентација на Шпанија за првпат во својата историја стана светски шампион откако ја победи Англија со 1:0 во финале. Во целата прослава и еуфорија при доделување на медалите, првиот човек на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес пред целиот аудиториум ја бакна фудбалерката Џени Ермозо. Неколку дена го бркаат како Путин.

Милевски: Имам голема почит кон Стефан, му замерувам само што дознав преку социјалните мрежи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација не зборуваше за тоа зошто капитенот Ристовски смета дека работите во репрезентација одат во погрешна насока. Вели имале конструктивен разговор со различни гледишта.

Спалети ги одбра соработниците со кои ќе дојде во Македонија, меѓу нив и Буфон

И покрај тоа што имаше спор меѓу италијанската фудбалска федерација (FIGC) и Наполи кој тврди дека Лучано Спалети сè уште е под договор со нив и дека треба да им се плати обештетување, човекот кој го водеше Неапол до скудето после 30 и кусур години, сепак стана селектор на аѕурите.

Претставување, говор и аплаузи за новото засилување на Асколи по име Илија Несторовски

По слабата минутажа во Удинезе каде летово стана слободен агент, македонскиот напаѓач најде нов клуб со истите бои. Ќе игра во Серија Б.

Цел стадион му аплаудираше на Џани за збогум, а Демирал уште толку ги палеше

По кам бекот од Фенербахче каде беше на позајмица, сезоната за Алиоски во Ал Ахли заврши брзо. Навивачите покажаа голема почит кон македонскиот репрезентативец.

Нови два гола на Роналдо и пак се бунеше за поништен

Во 4. коло од саудиската лига, Ал Наср на Роналдо и Мане убедливо со 4-0 го совлада Ал Шабаб. Кристијано постигна два гола од пенал а Садио Мане зголеми на 3-0 во првиот дел. Португалецот имаше и погодок со глава но му го поништија поради фаул па се бунеше кај судијата.

Гол на голман со глава во мешаница е веќе видено, пази ти ова

Џејк Бас од англискиот нисколигаш Њухеван ќе ви покаже како може голман наеднаш да се претвори во напаѓач и да се избори за бод во 98-ма минута.

Една фудбалска уметност снимена од навивачки агол

9 меча, 11 гола, 3 асистенции. Тоа е стартот на човекот кој 20 години го игра фудбалот на посебен начин. Да не знае човек на што попрво да се воодушеви. Додавањето на Жорди Алба, снаодливоста на Меси во шеснаесетник или на совршено интелигентиот пас по кој доби повратна за гол. Да не си им во кожа на дефанзивците.

Најубавиот поништен гол на колото

Во финишот од големото дерби во Колумбија меѓу Милионариос и Атлетико Насионал, домашниот фудбалер Лео Кастро постигна прекрасен гол со лоб удар од далечина ама оправдано му беше поништен поради офсајд. Ќе беше сигурно гол на колото.

Столе и Рајо понижени како никогаш, Атлетико ги здроби 0-7

Рајо Ваљекано одигра две супер почетни рунди во новата сезона од Ла Лига и забележа два триумфи. Столе бранеше одлично на отворањето и сè беше како песна. Додека синоќа во предградието на Мадрид не дојде Атлетико којшто ги расканта 0-7. Еден гол падна по голема грешка на нашиот репрезентативен голман кој се вклопи во сивилото на целата екипа.

Специјалистот за ножички се наоѓа на Маурициус

Јунакот на сезоната се вика Орелиен Франсоа, а зошто го нарекуваме јунак и специјалист за ножички? Затоа што со помош на славната акробација постигна два комада на два меча по ред, нешто невидено до сега. Му успеа на две островски битка, против Мадагаскар и Сејшели.

Убав гол на Тричко во луд меч кој заврши 5:5

Не гази само Меси на 36 години. Во стандардна голгетерска форма е и неговата генерација Иван Тричковски кој беше стрелец на мечот АЕК Ларнака - Етникос Ахна кој заврши со вкупно 10 гола. Македонскиот напаѓач се снајде одлично во шеснаесетник и израмни на 3:3.

Затворете го прашањето околу промашувањето на сезоната, ќе нема пак вакво

Не дека Алмер Сити имаше некакви шанси против Феенорд од кој загуби 6:1, ама гледаме и се чудиме, какви се шансите да се промаши вакво нешто, па макар да си со две леви нозе? Срамот го изеде Томас Робинет.

Суарез со свое шоу во Бразил

Меси растура во САД, Роналдо со некои испади, за годините солидно тера во Саудиска Арабија, а Луис Суарез се забавува во дресот на Гремио за кој годинава има 16 гола на сите натпреварувања. Го совладаа Крузеиро со 3:0, а уругвајскиот напаѓач се истакна со гол и асистенција со пета.

Нов гол на Бојан Миовски - Македонецот игра во животна форма

Нема ден во последно време а македонскиот репрезентативен шпиц да не се најде на насловните страни. По одличниот дебитантски настап во еврокупот кога со асистенција и гол му донесе фантастични 2-2 на Абердин на гости кај шведски Хакен, Бојан Миовски вечерва од пенал во 90+10' минута во длабоко судиско продолжение постигна гол од пенал за 2-2 на мечот Сент Мирен - Абердин во шкотската Премиер лига.

Нов гол на генијалниот Меси, нова победа на Мајами

Аргентинскиот ас го почна мечот против Њујорк Ред Бул од клупата за резерви и влезе во игра во 60' минута на отворање на сезоната во МЛС лигата. Интер Мајами го победи Њујорк Ред Бул на гости со 0-2, Диего Гомез го отвори резултат во 37' минута, а Лео ја потврди победата во 89' минута по мајсторска комбинација со Жорди Алба и Серхио Бускетц.

Смешна реакција на Садио Мане кога виде брат близнак

Кристијано Роналдо и Садио Мане изгледа кликнаа во Ал Наср. Двајцата влегоа во ритам и одлично соработуваат па така синоќа во убедливиот триумф од 0-5 на гости кај Ал Фатех, Сенегалецот даде два гола а Роналдо имаше хет-трик и чудесна асистенција. Пред мечот додека се поздравуваа играчите, Садио Мане во противничкиот тим забележал еден арапски фудбалер чиј брат близнак игра за неговиот Ал Наср.

Каде сте скопјани за Вардар?

Во вториот месец кој истекува од големата кампања на Комити за помош на Вардар со купување на годишна влезница од 1.000 денари, како да се нема слух за македонскиот спортски бренд. Со полн Градски играчите би добиле половина милион евра за функционирање оваа сезона во прва лига. Погледнете го видеото и замислете се.

Хет-трик на Кристијано Роналдо и чудесна асистенција до Мане

После два воведни неочекувани порази во новата сезона, тимот на Кристијано Роналдо Ал Наср во третото коло од првенството на Саудиска Арабија славеше убедливо со 0-5 на гости кај Ал Фатех чиј тренер е Славен Билиќ. Прво Садио Мане на асистенција на Португалецот го отвори резултатот во 27' минута а Роналдо зголеми на 0-2 во 38' минута. До крајот Кристијано даде уште два гола за хет-трик а Мане постигна уште еден погодок.