Off Topic

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Ова е подобро отколку што ви личи

Кој да знае дека тројца дебели Корејци во кола е една од најсмешните работи што можат да ти се појават на интернет. И ич да не ти смета што ништо да не ги разбираш што зборат.

Премиер на денот

Премиерот на Индија Нарендра Моди на стадионот Индира Ганди во Њу Делхи ги најави најголемите даночни реформи кои земјата ги видела во последните 70 години. На рајата ѝ порача дека тоа ќе биде задача која ќе бара многу жртви што можеби го објаснува неговиот музички избор за крајот на говорот - Империјалниот Марш на Дарт Вејдер од Ѕвездените војни.

Како се местеше плочникот

Замисли слагалица, само го знаеш местото на секое парче и цела работа ја вршиш од машина. На човеков тоа му е работа, а слагалицата му е да составува онакви павер елементи по јавни површини.

50 нијанси машка верност

Или како што правилно ќе забележи старата женска поговорка: "Не е верно сè што ќе каже не." (П.С. во дискусија околу ова никако немој да употребиш - ама она прва почна, затоа што толку ќе биде од тебе.)

Приказната за Раде Кончар и неговиот син Раде Кончар кој се венчал на улица „Раде Кончар“

Да се потсетиме ние на вистинската партизанштина на која подзаборавивме од онаа блеферската која последниве години ни ги потече јајцата (ене ги, моментално се ухлебуваат по државни институции). Усташите не само што го убиле прочуениот револуционер Раде Кончар, не само што ја фрлиле од прозор неговата жена туку за да ја сотрат цела лоза, понудиле неверојатна награда и за нивното бебе. 

Првата Кока-кола во животот

Најубавиот дел од тоа да се биде родител во денешно време е што можеш да го документираш секој резил на твоето дете, и притоа да не ти е многу гајле дали ти си го наместил или не.

Што точно значи „снимано на Ајфон“

Тоа што нешто е снимано на Ајфон (или кој било смартфон), не значи дека е снимано само со него. Генерално, можеш и само со смартфон изваден од кутија да снимиш махерско видео. Ама генерално за тоа треба да ти се потрефат многу повеќе работи (дел од денот, природно светло, агол...), отколку што ти имаш време за трошење. Затоа тука се додатоци, од типот - секакви (ако имаш пари).

Нека, не сметате, терајте си

Не знаеш на кого му е појако на музичарите што мислат дека публиката паѓа во транс по нив, или на песов што од нигде никаде доби аплауз од цел аудиториум. Него сериозно, не се устручавајте, продолжете...

Испрашување на испрашувачите на ЦИА

Двајцата мажи што ги препорачаа техниките за испрашување (тортура) на затвореници на ЦИА се дел од тужбата од поранешни затвореници на ЦИА. Њујорк тајмс ги има видеата од нивното излагање за тоа како тие самите ги опишуваат своите мерки, прикажани паралелно со сведоштвата на затворениците и како тие ги доживеале овие мерки на сопствена кожа.

Како тазе асфалтирани улици пропаѓаат во земја

Проблемот е дупки во земја што изгледаат како од никаде да се појавуваат. Излезе дека нешто е до природа, нешто е до нас. Ако е во град, речиси задолжително е до нас.

Се што не сакавте родителите да ви кажат за секс

Не постои пол, раса или возраст на која не е глупо да се зборува со родени татко или мајка, околу работи за кои најмалку сакаш да зборуваш со родени татко или мајка. А па и стариве се како едвај да чекаат некој да ги праша.

Комшија што рока

Снајперска битка во Рака. Девојкава снајперист што ја гледаме е со курдско потекло и се бори од матичната страна. Од карши е терорист на ИСИС. За него знаеме дека утна, за влакно утна, ама доволно за нашава хероина да остане насмеана.

Најдобрите 2 секунди во твојот живот

Ок, и да не е така 2 секунди се, не дека нешто многу си изгубил.

Што сè палачинки се вртат низ светот

Нашето познавање е ограничено на оние добрите, како што треба да изгледа палачинка, и на оние погачестите, што Американците го водат како палачинка. Имало уште, и некои изгледаат како стварно многу да пропуштаме.

2 месеца до најголемата борба во историјата на боречките спортови

Фанови и публика (претежно) се за Мекгрегор, едноставно ова е негов момент на слава и уште се навлечени на приказната на Ирецот. Од друга страна сè што е стручна боксерска фела (дури и тие што навиваат за Мекрегор) отворено кажуваат дека не постои сценарио во кое Мејведер го губи боксерскиот меч со ММА првакот. На 26-ти август ќе видиме што ќе се случи.

Колку малку треба за пожар

Од скара до пожар, за 35 секунди.

Популизмот ќе ги спаси Демократите и капитализмот

Популизмот денеска се смета за негативна политичка опција. Но токму популизмот му донесе победа на Трамп. Кратко видео со аргумент дека Демократите треба да се вратат на своите корени и да изградат свој економски популизам, не како оној на Трамп туку како модел кој ќе го заштити капитализмот од монополите и коруптивното влијание на големите пари врз политиката.

Американскиот скејтер со презиме Џаноски

Колку што авторот на статијава е Џурук, толку и он е Џаноски, ама тоа е друга тема. Роден е во САД, по потекло е Македонец, и се вика (по негово) Стефан Џаноски. Човекот цел живот е скејтер, доволно познат во САД за Најк да имаат патики со негово име. И тоа 41 различен модел. Освен што скејта и прави патики, човекот стигнува и да слика, фотографира, да се занимава со вајарство и да свири гитара.

Не си дебела, лош ти е аголот

Фитнес инструкторката Ана Викторија на Фејсбук објавува две фотографии од себе. На една, од агол ко за на Фејсбук / Инстаграм, на друга од нормален агол. Двете направени една по друга.

Кога си растен на интернет коментари

Ако некогаш ви затреба пример за човек од обезбедување со бесконечни количества смиреност и пристојност тогаш го имате дечкото во жолтата маица. Ако некогаш ви затреба пример за невоспитана вошка и сеопфатна човечка беда тогаш го имате бланишраниот. Вовед во сцената: обезбедувањето не го пушта "познатиот Инстаграм модел" да влезе некаде.

Инстаграмот на американскиот грнчар

Може е стереотип, ама може и Велешани малку да олабават со здравје / фитнес / Трамп вебсајтови, и да извадат еден ваков нивен автентичен бренд, наместо како билмези да се редат пред странски новинари и да објаснуваат како направиле сајт за лажни вести затоа што морале да го прехранат семејството. Човеков се вика Крис Кејси, прави грнци и тоа го прави на Инстаграм пред речиси 65 илјади луѓе.

Вегапчиња?(??)

Ова со никого не беше зборено!