Зезалици

Невеста на денот

Или девојката има нешто озбилно против бракот во кој влегува или дечково не е свесен со каков намќор се врзува. Им посакуваме да бидат заедно во добро или лошо, сè додека насмевката не ги раздвои

Градот исчашен пак ќе никне

Добро е што уметникот Роберт Рикхоф не е вклучен во некое наше урбано планирање инаку допрва ќе се чудевме. Серија негови фотографии на тема: "Кај што не им е место".

Зошто Симпсонови се жолти?

Намерно. Штом нивниот креатор Мат Гронинг ги добил првите нацрти, знаел дека тоа е тоа.

Факт на денот

Знаете ли дека крал на Грција се станува и со 0.00002 проценти гласови?

Засукајте ракави и помагајте

Гледањето порно никогаш порано не ви дало вакво чувство на добродетелство. Потребно е само да зјапате доволно упорно во видео клипови со цицки и светот да стане едно попријатно место за живеење. Имено, порно сајтот PornHub ја спроведува следната хуманитарна иницијатива:

Стрес тест

Јапонски професор по психологија изумил брз оптички тест за мерење стрес. На опуштени и спокојни луѓе, круговите им се совршено мирни. Доколку се вртат, тоа е сигнал дека сте уморни и напнати. Нам не само што ни се вртат, туку и чат- пат ни зборуваат.

Не Гугл мапи

Задача: имаш мапи за да покажеш нешто што нема врска со мапи. На крај, тоа вака изгледа:

Професорите го возвраќаат ударот

Професор од Хрватска, кому му здосадило по форуми да чита како родителите постојано се незадоволни од работата на наставниците, седнал и им го пишал следниов одговор:

Густина на родендени

Проверете дали денот кога вие сте се родиле е редок или пак е пазарен ден за раѓање. Септември е месец во кој е најгусто. Тоа значи дека некаде околу Нова Година, многу слабо се гледаат скијачки скокови.

Фејсбук на државно ниво

Според бројот на Фејсбук пријателства меѓу лица од различни држави изработена е згодна мапа која покажува кој со кого највеќе си го има муабетот. Ние со Албанија и Србија, а и Швицарска ене кај е.

Правила за седнување на маса

Не мора секоја маса на која ќе седнете да ги има сите овие "адд-они" ама фино е да се знае кое за што служи и кое кај треба да стои.

Олимпијски игри, Лесковац 2012

* Четворосед без кормилар - двајца лупат, двајца се закачаат. * Бабура, 200, 400 и 800 комада - штафетно. * Триатлон: седење до печка 5 саати/синхронизирано вртење пиперки/ турање Колинос на изгорени прсти. * Паѓање по пат - грбно.

Архитектура 2012

Над 300 проекти во 33 категории влегоа во потесен избор за награди на Светскиот фестивал на архитектурата кој годинава се оддржува во Сингапур. Ѕирнете неколку проекти додека ние на официјалниот сајт бараме во која категорија е ставен мостот Влајко.

Еден бакнеж, жени рој

Легендарниот бакнеж на Тајмс сквер не е никаков романтичен момент туку овековечен потег на сексуално манијачење.

Јована, Медо и член 16

Еве една хипотетичка ситуација со многу реален ауткам ако се изгласа овој закон.
1. Јас доаѓам до непотврдени информации дека Медо има секс многу почесто отколку што тврди на неговиот блог

Факт на денот

Елизабет Тејлор доцнеше на својот сопствен погреб.

Слика вредна 1.000 слики

Како што е Google Earth за планетава, така е и оваа забавна зезалица за фотографии во кои можете да зумирате/одзумирате бесконечно, да речеме, сè додека не го најдете својот омилен стар телефон на фотката со мајмуните.

Сосе пљачки

Од 2003-та, фотографот Хуанг Куинџун слика кинески семејства, пред порта, со сите работи кои ги поседуваат. Серијата фотографии делува смирувачки на потрошувачки нервози од типот "сакам нов Ејпед, немам зимово што да облечам, само јас стара тоалетна хартија користам...."

Кога нема вести

Кога работата ти е секој ден да бркаш вести, редовно се молиш да не дојде денот кога сите решиле ништо да не прават. Тоа е моментот кога ја наведнуваш главата и се предаваш на што и да дојде, само да напишеш нешто. Нормално, од ова никогаш, ништо добро не излегло.

Кој, како прави пари?

Една од најголемите мистерии околу бесплатните интернет сервиси е како прават пари? Како може Скајп да го држи цел и ништо да не ти наплаќа, зошто Дропбокс да ти даде 5 гига простор на интернет за џабе, зошто Андроид е бесплатен дури и за компании, за Твитер и Инстаграм да не збориме.

Сити мол бесплатен за пензионерите во вторник и петок

Собранието на Град Скопје го усвои предлогот на градоначалникот, новоотворениот трговски центар Сити мол во вторник и петок да биде бесплатен за пензионерите. Градските власти со овој потег очекуваат директно да се подобри перцепцијата за куповната моќ на возрасното население.

Што со ЦД-ата

Својот 30-ти роденден, CD-ата го дочекуваат на колена: продажбата им е срушена за речиси 80 проценти од златните времиња а меѓу колекционерите се уште го немаат култниот статус на винилките или аудио касетите. Што со нив во меѓувреме?

А од тројка не се бега

Ако ова го чита, професорката ќе мора некако да реагира. Петка сигурно нема да ми стави. Ама макар кец?