Зезалици

Вистинска пијачка за секоја ситуација

Да, добро, пиво. Но, има некои кои пребираат. Па ова за нив:

Голубовиќ: Што е Твитер?

Еден од најробустните српски криминалци (рекет, наркотици, сешто) Кристијан Голубовиќ дава прилично прецизна дефиниција за тоа што е Твитер. Битангата има среќа што се наоѓа на безбедно (тригодишен притвор, чека судење за трговија со дрога), инаку, влијателните ќе го растуреа :)

Музички рогови во балканска вреќа

Аугуст Октобар е аудио заебант од Босна кој го прави она што алкхолизираниот ум го прави после просечна балканска журка, кога му се испомешува музиката од првите и последните часови на забавата.

Преписка: Марџ Симпсон - Барбара Буш

Откако првата дама на САД во 1990-та година изјави дека "Симпсонови се најглупавото нешто кое некогаш го видела", доби писмо од домаќинката Марџ Симпсон. По што и Барбара Буш не остана должна за одговор. А нетрпеливоста меѓу овие две семејства продолжи.

Вака се дава отказ!

На 5-ти декември 1921 година, идниот Нобеловец и добитник на Пулицеровата награда, Вилијам Фокнер, добива работа на Мисисипи Универзитетот. Иако доаѓал најдоцна а си одел најрано од сите, иако ги игнорирал колегите, ги фрлал добиените писма, пишувал раскази и играл бриџ во работно време, некако успева да остане таму цели три години. На крај, решава дека му е доста такво малтретирање.

Сам свој "дечко" за компјутери

Прва и основна работа што треба да ја пробате во која било ситуација кога ќе имате каков било проблем со компјутерот е - рестарт. Ако ова не функционира, еве некои други "мерки" што можете да ги превземете.

Сталин кога беше хипстер

Фотографии од познати ликови кои не се совпаѓаат со претставата која ја имаме за нив. Добро, јасно е дека Ајнштајн не  можел секогаш да биде бушав и со исплазен јазик, ама Клинтон како Биг Лебовски и Сталин како хипстер е јако.

Писмо од диктаторот

Со секоја копија од Диктаторот што филмските критичари ја добиваат за рецензирање, студиото им испраќа и писмо напишано токму од Адмирал Генерал Аладин.

Закони од кои не се бега

Постојат закони за кои не се потребни кампањи да ги засакате, ниту пак силни институции за да се спроведат. Таквите закони едноставно - функционираат.

Факт на денот

Знаете ли што e АКИНЕТОПСИЈА?

Сакаме факти?

Како марихуаната станала нелегална, кој треба да ја добие титулата на Ленс Армстронг од 2005-та, зошто не се препорачува читање на тетратката на Марија Кири... Да се чуди човек!

Паника од насловните

Последниот број на насловната на вториот по големина неделник во САД Newsweek одеше со најава за "муслиманскиот гнев" проследен со текст како Американците треба да бидат подготвени да го почувствуваат бесот на муслиманите кои и онака, нели,  се нон-стоп гневни на нешто. Доволно добар повод да се потсети на сите аларми кои овој неделник ги има вклучено на своите насловни. 

Секоја мечка за три дена

Само првиот ден мечката (која новинарите успешно ни ја доловија: "голема колку Фиќо") успеа да ги испоплаши жителите на битолското село Добрушево. Охрабрена од првиот впечаток што го остави, таа продолжила да се однесува дрско, ама, тоа веќе не и пали.

Најскапата течност на светот?

Цената на бојата за печатачи во споредба со цената на другите течности. Или, зошто е поефтино да купиш нов печатач отколку нов тонер.

Парадоксот: Куче

Попрецизно објаснување за куче нема во Британика. Секој што некогаш чувал пес, знае колку сето ова е точно, посебно делот околу тоа колку стварно  те сака.

Како да се збогуваш со колегите

Веројатно една од најголемите придобивки на мејлот е што можеш да им кажеш се на поранешните колеги (а и на кого било друг), без да треба да ги погледнеш во очи.

10 најпаузирани сцени во филмови

Изборот е направен врз основа на гласањето на членовите (1,6 милиони) на британскиот сајт LOVEFiLM, за тоа кои им се најчесто паузирани сцени.

УКИМување на разумот

Како што ни е фала Богу познато, Ректорот на Држaвниот Универзитет "Св. Кирил и Методиј" годинава ги покани своите декани, проректори и колеги професори новата учебна година да ја започнат со двете прочуени академски дисциплини - Литургија и Молебен.

Вообичаеното на поинаков начин

Не мора секој пронајдок да биде корисен колку тркалото и генијален како далечинскиот управувач за телевизор. Секојдневието е полно со мали дупки на кои им требаат само мали досетки.

Молчењето е Талат

Талат Џафери му раскажувал на внукот приказна за лека ноќ, така е настаната Финска....

Потреба да се сподели тајна

Познато е дека "што се случило во Вегас останува во Вегас". Но, токму таму една галерија е претворена во интересен проект за анонимни исповеди. Влегуваш во кабина, пишуваш на парче картон што ти лежи на душа и тоа станува едно од илјадниците објавени исповеди во галеријата. Ние би можеле да помогнеме како публика. Да читаме туѓи признанија и да се згрозуваме од другите. А да, Фејсбук служеше за тоа.