Зезалици

Дуинг бизнис

Како е можно покрај сите праведно и неправедно пропаднати кафани што ги знаеме кај нас (а и оние што се тргнати на тој пат), ниеден, ама ниеден да не се сети... да пропадне на овој начин?

Автоматска заблуда

Телефонска поплака на тазе сопственик на БМВ со автоматски менувач. Кога става во "drive mode" (D) сè е во ред, освен што тој верува дека D e за дневно возење. А кога ќе падне ноќ, нормално му е да префрли во ноќно возење (N). Погодете за што му е рикверц "R".

Животот е краток а говорницата долга

Како што знаете, пратеникот Талат Џафери реши да блокира донесување закон со маратонско окупирање на говорницата. Бидејќи добар дел од граѓаните погрешно се уверени дека имаат некоја попаметна работа во животот отколку да го слушаат пратеникот, ние решивме да жртвуваме неколкумина издржливи пријатели да го следат обраќањето и во кратки црти да ни пренесат за што тој зборува. Еве го нивниот извештај.

Оглас

Продавам возило Субару, одлично очувано, металик сребрена боја, кожни седишта. На инсистирање на семејството, можно е истото да биде заменето и за лекции во Фотошоп.

Пијачите пеат

Конечно е откриена долго чуваната тајна зошто кај некои сосема нормални луѓе, по само неколку испиени чашки ракија, одеднаш се буди латентниот Сариевски и тие одеднаш добиваат неописива желба гласно да ви запеат стара галичка или слична песна.

Домаќине, шарени гости ти дојдоа

Скопје, 2013-та. Во работна и пријателска посета на Република Македонија пристигнува новиот чешки претседател. Ѓорѓе Иванов и гардата се подготвени да го пречекаат високиот гостин од странство. Авионот слетува, скалите се поставени и - еве го! - излегува господинот Владимир Франц.

Јајцето

Патуваше накај дома кога загина. Беше сообраќајна несреќа. Ништо посебно, ама сепак фатално. Зад себе остави жена и две деца. Почина без болка. Брзата помош се обиде да те спаси, ама не успеа. Твоето тело беше искршено, вака ти е подобро. Верувај ми.

Дијаграм за кафињата

Што има во капучино, што во макијато, мокачино, лате... Ќе ги запамтите сите овие комплицирани подмножества и ќе отидете во место во кое ќе ви речат дека имаат само турско.

Сите сме ние Вондер

Една од оние илузии кои ве тераат веќе ништо да не им верувате на сопствените очи. Лажат, сушат. Без секирација, не мрда ништо и не мора да зјапате во некоја точка.

Постигнат компромис околу имињата на училиштата

Проблемот со преименувањата на четирите основни училишта во скопската општина Чаир повторно ги разбранува духовите во владината коалиција. Во период кога и слупчајот Слупчане сè уште ја тресе коалицијата на власт, се чини дека овој проблем се закани да биде капка која ќе ја прелее чашата.

Панорама од Марс

Комплетно средена и функционална панорама од Марс од 360 степени. Не е нешто посебно одржувано местово, ама пак - панорама од Марс.

Факт на денот

Знаете ли што е АНАТИДАЕФОБИЈА?

Сакаме и ние!

Споменичната еуфорија кај нас наликува на Њујорк на почетокот на 30-тите годиниа на минатиот век, кога грозничаво се граделе облакодери. Разликата е во тоа што на Американците не им пречело да внесат хумор и авто иронија во приказната. Кај нас само бескрајни дрвења, во обата правца. Да ѕирнете една фотка па замислувајте колку добро би изгледало ова во наша верзија.

Најпријатното место на интернетот

Не навлегуваме што ви е и зошто ви е така. Ама ако нешто не е како што треба, барем ова може да го направиме за вас.

Најкратката преписка на светот

Твитот е една бескрајно долга и досадна форма во однос на тоа како се разбрале Виктор Иго и неговиот издавач. Нешто како денешното тинејџерско комуницирање со змии, само во аналогна и интерпункциска форма.

Ерген одев, порно ми беше

Приказна за една ергенска забава во Шведска. За тоа како лесно поминал младоженецот и зошто во иднина неговата сопруга нема баш многу да го бацува во образ.

Службени песни на македонското здравство

Откако ултра ажурниот министер Никола Тодоров ќе го изрегулира секој детал од неговиот ресор: "Правилник за држење стетоскоп", "Упатство за давање урина на преглед (правило на десна рака)", "Бодовник за поседување свеж фикус во ординација и друго"... веројатно ќе дојде и до идеја дека во интерес на македонскиот пациент а за негово полесно снаоѓање во здравствените лавиринти, добро е секоја клиника, поликлиника, оддел и амбуланта да имаат своја карактеристична службена песна, тоест химна.

Скопје, две илјади и која?

Прашање на ден е кога нашите локални тајкуни ќе се сетат да го копираат примерот на богатите фаци од пренаселениот кинески град Жужоу. Индивидуални градби за живеење, со пристојно големи дворови и што е најважно - поглед од високо. Плус не ти лизга куќата како на Водно.

Порно без интернет

Интернетот лесно ги навикнува луѓето на некои свои содржини. И одеднаш, заради којзнае која причина, ќе снема интернет! Па зависниците мораат сами да се снаоѓаат. А кога ќе дојде интернетот, задолжително е да се сподели :)

Со свадбата се претера

Оваа британска двојка никако да се реши каде да се веча па во меѓувреме со трејлер шпартаат по планетава и прават генерални проби. Минале 20-тина локации, им остануваат уште 10, на крај ќе одберат едно од местата и - ќе имаат дежа ву.

Брендови со граматичка мана

Џабе прави човек бренд, ако некој не се потруди да му го ископира што е можно полошо. Дел од не-брендовите кои можат да се најдат по светот, посебно во азијатскиот дел од светот.

Кој колку лаже на Твитер

Апликација која проверува колку од луѓето што ве следат (вас или некој друг) на Твитер, се вистински, колку се ботови а колку од нив воопшто не се активни.