По 10-годишно патување низ вселената, во ноември треба да кулминира Розета мисијата со приземјување на леталото Philae на комета, со цел изучување на тајните на универзумот. Пред да слета, леталото испрати неколку фотографии од кометата. За перспектива на површината, на секоја од фотoграфиите има еден Боинг 747 (долг 70 метри, распон на крилја 64 метри).
Зјапање по комшиски прозори е простачка работа, освен кога се работи за Париз, кога сето тоа добива чудно привлечен шмек. Плус, никој бре со бор машина нема!
Во 1918 на власт дошле болшевиците. Веднаш почнале со прогон на универзитетски професори и асистенти (веројатно меѓу „црвените" имало бројни пропаднати студенти желни за одмазда). Еден од помладите професори, математичар, е пратен во Сибир да работи како дрводелец, и така го одбегнува стрелањето.
Колку многу прости математички задачи можеш за решиш за многу кратко време. Стварно се прости, ама па и стварно имаш малку време - 30 секунди. Се збори дека некој од редакцијава ја минал границата од 60%.
Обемен список на телефони и за секој од нив посебно упатство за штедење на батеријата. Генерално за секој уред важи истото - намали светлото на екранот, изгаси синхронизација на се и сешто, и изгаси ВиФи, БлуТут и слично. Тоа што не важи генерално за секој уред, го имате детално наведно кај вашиот модел на смартфон.
Еве еден краток и сликовит пресек на тоа што и како се случува таму. 13-ти октомври, Тина се фаќа со Срѓан. Два дена подоцна, Тина заради Срѓан сече вени и му го покажува тоа. Три дена подоцна - неочекуван хепиенд! Бонус: емпатија од коментатори.
Кога си раат со комшиите, домашната Wi-fi мрежа ja крстиш колку да си ја познаеш или да покажеш дека си штосен. Но, има случаи кога името на твојата мрежа може да служи за дијалог со комшиите и нивните безжични мрежи.
Имате десет основни звуци (дожд, громови, бранови, ветар, оган, птици, штурци, кафуле, тибетанско ѕвоно, и прекин на тв програма) што ги палите, гасите и миксате како што ви е мерак, и какво расположение ви треба да ви ѕенѕа во позадина.
Победници од годинава по основа на добиен Golden Drum Grand Prix, во речиси секоја категорија што може да ти се појави во фактура кога правиш маркетинг кампања.
Иако до божиќното шопинг лудило има уште два ипол месецa, добар дел од западните трговци уште сега се кладат дека главна тема на овогодинешните подароците може да биде смртоносниот вирус.
Стендап-от (во Америка) почнува да добива на популарност некаде кон крајот на 70-те. Во тоа време специјалкитe се сметаат за врвното достигнување на секој комичар. Така останува и до денес (со малку разнишан статус на "врвноста" на секое стендап шоу). Ова се 20-те најдобри, некои ги имаме комплетни, од некои само исечоци, па ќе треба да ги побарате по торенти.
Производите на Икеа беа лесни за склопување пред 30-тина години, кога луѓето генерално беа повешти со алати. Затоа, шведскиот производител почна да се прилагодува на денешните трупови чиј мајсторлук се сведува на скролање со прст по екран.
Обама во Тајланд на средба со премиерката Јинглук Шинаватра. И Мишел беше со него. Неколку месеци по посетата Шинаватра повеќе не е премиерка на земјата. Како пријателите да не можеле да ѝ кренат кога ги барала.
На ЈуТјуб ја наоѓаш песната што ти се свиѓа и линкот го пастираш на сајтов. Ентер. На следниот прозор со лев или десен клик (зависи кој ви фати) кликаш на "Download MP3". Толку, ЕмПеТројката ти е на десктоп.
Немонтирана, фотошопирана и како и да е на друг начин гибната фотографија од првите спасувачи кои пристигнаа во еден храм на планината Онтаке, по ерупцијата на вулканот. Сето сивило што го гледате е вулканска пепел.
Доаѓа шугаво време за возење велосипед: ладно, мокро, кал... Ама, ќе си купите некој од овие фини гаџети и од што ви е мерак, ќе си ја продолжите сезоната.