Зезалици

Стиви Вондер не е слеп

Неколку клучни фото и видео моменти од долготрајната теорија дека човекот нас нè прави слепци. Заебанција, оф корс.

Ѓубрето Зевс

Неколку митови за Зевс, маалски раскажани за тоа како илеџиски им се понашал на сите во околина, со посебен осврт на Хера, која не можела глава да крене од него.

Теорија за неправда или зошто богатите се богати

Семјуел Вајс е измислен лик (полицаец) од стрипот Discworld на Тери Пречет. Ова е неговата теорија за социоекономска неправедност. Се базира на чизми.

12 незаборавни "Humans Of New York"

Блогот (и ултра популарниот Инстаграм профил) го започнува трговец со обврзници кој е отпуштен од работа. Прво планот му е да направи колекција на профили на луѓе од Њујорк, ама потоа сфаќа дека нивните приказни се поинтересни за публиката отколку самата слика. Ова се 12-те најзборувани фотки од Луѓето од Њујорк.

Сам свој архитект

Он-лајн алатка за средување (или реновирање) на дом. Седнуваш и почнуваш да црташ стан (куќа), па какви соби сакаш да имаш, па што мебел и елементи да има во собите, па материјали и бои, и на крај сето ова можеш виртуелно да го прошеташ во 3Д.

Фејсбук

И го мразиш и ти треба, и ти чита и памти се што пишуваш, ама и ти врши работа ако дојде време да се организираш. Истите овие дилеми ги има Полјакот Павел Куцзински, ама он ги црта, наместо да ги дебатира.

Викенд е, правете нешто бескорисно

А кој да ви помогне во правење нешто бескорисно ако не интернетот. Сајтови кои немаат причина за постоење, а пак се тука. Сешто ќе се изнагледате.

Среќата со пари не се купува?

Тој работи во градежништво, таа се појавува во медиуми. Тој со амбиции да не станува повеќе од 2 пати навечер, таа со амбиции да заспие навечер. Тој 81 година, таа 24. Тој милијардер, таа Плејбој зајачица. Двајцата среќни.

Учителка на прв училишен ден во Бугарија

Да се разбиравме барем малку во психологија, ова сигурно некако ќе го поврзевме со бугарските матурантки.

Патуваме, патуваме, денес со...

Овие деца имаат оправдание ако задоцнат на прв час. Ако сме искрени, од наша гледна точка некои од нив имаат оправдание ако задноцнат и на прво тромесечје. Како низ светот се стига до школо.

Животот е ЈуТу

На последната конференција на Епл, Тим Кук објави дека секој еден корисник на Ајтјунс ќе добие бесплатна копија од најновиот албум на ЈуТу. И ова на комплетна радост на - речиси никој. Баш како што Боно посакуваше пред неколку години. (Мал апдејт - денес објавија бесплатна алатка за отстранување на албумот.)

Резервниот

Мобилен телефон што е само телефон и толку. Служи за не дај боже ако се останато што имаш за комуникација крахира и си во тесно. Функционира со само една обична батерија АА (од малите, не од најмалите) и има животен век од 15 години.

Провери колку не си зависен од мобилниот

Дојдовме до момент во човештвото кога стана успех да издржиш 30 минути без да пипнеш телефон. Апликација (иОС / Андроид) на тема продуктивност / фокусираност ви дава да насадите дрво на кое му требаат 30 минути за да порасне. Кога ќе порасне оди кај вас во шума. Ако во овие 30 минути го пипнете телефонот, дрвото згинува.

Синтол-мен, билдерот од Багдaд

Секоја почит на тоа што човек се решил да се посвети на вежбање, и тоа сред Багдад, сред сите несреќи што таму секојдневно се случуваат. Сето ова тргнува да биде многу инспиративно, се до моментот со синтол, една од најидиоските состојки што може да ја искористи човек што вежба. Тоа личи вака:

Сајт за колегите што ги имаат најголемите звучници во канцеларија

Ако ти си човекот од насловот, отворај линкот и почни со злоуставување на колегите (кое не веруваме дека долго ќе ти успева). Инаку, зезалицата е семплер (лупер) со неколку инструменти, што вие ги бирате и "свирите" со кликање во тоа црното. На крај, наспроти целата веројатност сајтов некако успева да извади нешто од вас.

За "seen" никогаш да не се повтори

Глобално решение за "seen" нема, ама има екстензија за Гугл Хром, па може и од таму да се почне. Ја инсталираш и екстензијата автоматски го блокира "seen" известувањето што треба да му стигне на другиот.