Зезалици

Биди Зорба

Сè почнува кротко, а твое е да издржиш колку можеш подолго против Зорба. Само следи ја музиката. П.С. Зорба никогаш не промашува.

На светот има 2 типа на луѓе

Една важна категорија што ја пропуштиле тука: луѓето што ставаат сол пред да го пробаат јадењето и сите останати.

Домаќински работи од кујнска провениенција

Основни работи што секој кој влегол во кујна некако ги пропушта во својот троскок од мачкање џем на леб, во идниот Џејми Оливер. Кон целата работа треба да се пристапи со Карате кид филозофија, и да се фатиш за почетничките работи.

ГИФ карма

Работата со гиф кармата е што ова е најинстантниот вид на карма. Еден од ретките моменти кога космосот ја предвидел вашата пропаст без право на апелација и меѓувремено покајание.

Од летниот распуст на богатите

Дел од летното издание од Rich Kids of Instagram, блог кој се занимава со темата од своето име. Не ги брка старите богаташи, туку само нивните деца. Искрено и нив не го брка толку, колку што тие самите се трудат да се истакнат пред народ. Сите фотографии се од нивните Инстаграм профили.

Интернет, прва генерација

Тие што не беа дел од интернетот од тоа време, треба да знаат дека работите беа многу грди. И дизајнерски, и технички, и во секоја можна смисла. И покрај ова, уживањето во имање интернет (и тоа беден) беше неспоредливо големо во однос на денес.

ЛЕГОлизирај се

Твоја или чија и да сакаш слика составена од лего плочки. Главно правило за да добиеш нешто, немој да избираш слика со премногу детали. Ништо нема да излезе.

Брејзерс перспектива на работите

Знаеш дека имаш висока препознатливост на брендот кога твоето лого комплетно го менува историскиот и општествен контекст кога ќе го додадат на која и да е фотографија.

Господо, колеги, љуѓе

Корпоративен фрижидер полн со некорпоративни и крајно лични сендвичи и др. оброци. Потврдувајќи ја старата "човек на човека му е колега," еден од колегите (неидентификуван) му го краде сендвичот на другиот. По ова се развива една најдобрите преписки во корпоративната историја (барем за месецов). Нормално, целата забава ја прекинуваат од HR.

Метрички vs. империјални мерки

Метар vs. стапка, килограм vs. унца, пинта vs. децилитар... Извадок од книгата "Wild Thing: A Novel" на Џош Базел.

Дали е ова Ајфон 6?

Епл во изминативе неколку години успеа да го претвори август од спокоен месец, во месец на лов на "најновата," "најексклузивната," "најреалната," фотографија од кој и да е модел на Ајфон што ќе го промовираат во септември.

Понеделнички ужаси

На сите работи што не ви тргнаа денес, еве и што друго можеше да ви се случи. Ако нешто пропуштило да тргне наопаку, без гајле има и други понеделници.

На интернет има нешто ново

Ако периодов во некој од зен моментите што ни ги приушти летово за секунда помисливте дека конечно ете сте го совладале кодот на интернет корисниците и дека ете знаете што е следно што они сакаат, има од темели да ве раздрмаме. Новово е - како да заличиш на ѕвезда во 3 слики. И како обично, сè почна од една слика.

Камп-приколката на шеикот

Шасијата и моторот (500 коњски сили / макс. 150 км/ч) е на Волво, луксузот е на виенската компанија Marchi Mobile, а платено е од шеик од Дубаи. Цената му е 3 милиони долари, и првиот примерок ќе биде готов во 2015-та.

Бесплатни резимеа за вас (не)вработени луѓе

Единствената разлика што ова ќе ви ја направи вам, што ќе се чувствувате пофраерски околу тоа што му го праќате на идниот работодавец. Единствената разлика што ова ќе му ја направи на работодавецот е што ќе види CV што не е направено во сеприсутниот и бескрајно досаден темплејт од ЕУ.

Нутела полнач за банани

Откако ќе ви се потрошат сите 5-то оделенски фори на тема банани полни течен крем и сл. (нам ни траеше дваесетина минути), ќе сфатите дека на луѓево добро им текнало. Уредот го прави тоа што го ветува насловот, прво едно делче ја вади средината на бананата, а со друго таа се полни со крем, карамел или што и да ви дојде при рака.

Сите брендови што ви ги шитка Куќа од карти

Уште првата сезона, серијата беше фантастично успешна како кај публиката, така и во промовирање на новиот бизнис модел на Нетфликс (од пуштање содржини, да се префрли на правење содржини). Ама и пред да почне, серијата беше добро покриена со пари од Епл, Сони, Рејбан... Еве каде ги видовте.

Ребрендирањето на Самсунг што не го побараа

Дизајнер не може да поднесе што се случува моментално со брендот на Самсунг, по основа дека: логото е премногу пласитчно, на предниот дел од уредните го пишува името на брендот (што според него треба да се забрани), се користат три различни фонтови, грдо е, итн... Се вика Азиз Фират и тој вака го замислува Самсунг.

Предлог за интервентно воведување казна

Основа: "Возење со долги светла."
Извршување: "Веднаш, на лице место."