Зезалици

Зошто Бетмен не може да го убие Џокер (и обратно)?

(oдличниот текст е обид на еден дечко да и ја објасни врската на Бетмен и Џокер на својата девојка)
Двајцата водат идеолошка битка за душата на другиот. Тие се две страни на истата паричка. Двајца индивидуи, кои заради еден лош ден во нивните живот, полудуваат и решаваат да се справат со светот и да го стокмат по нивните сфаќања.

Најскапите сендвичи на светот

Листата е направена по основа на цената на клуб сендвичите во хотели во главни (или големи) градови низ светот. Во секој град се зема цената на клуб сендвич во хотел со 5, 4 и 3 ѕвезди и се вади просекот за градот. На прво место е - Париз.

Светот на Ѓоковиќ низ македонски очи

Новак Ѓоковиќ од неодамна има туристичка агенција која нуди некои доста интересни аранжмани (адреналински одмори, соло летувања, тениски туризам и сл). Не ни е тоа муабетот. Од сите слики на светов кои им се достапни, Ѓоковиќ и неговиот веб тим за својот сајт ги одбраа сликите на Роберт Смилески, еден наш човек кој ужива да ака по светов во сопствена режија и истовремено е одличен фотоаматер.

Милениумски спојлер

Кино Милениум ви дава две можности, за 200 денари да го гледате мега популарниот Avengers во 3D или на сајт да ви го раскажат бесплатно. Од А до Ш.

Дечко, многу си згодна

Нормално дека нè влечеше идејата вистината да ви ја кажеме на крај, но, да ја почнеме ферски оваа недела. Сè згодно што ќе видите понатаму е машко. Патаја, 2012. - избор за најубав трансексуалец на Тајланд.

10 начини како да изгубите пријател

Ако уште имате пријатели, а по никоја основа не ги заслужувате, тогаш имаме 10 начини како да ги уверите дека стварно сте премногу скот за да се дружат со вас.

Имиња ли се имиња

Оригиналот сите сте го слушнале, само не ви текнало како може да го искомбинирате. Како на пример: Jafar- Jaclose или De Niro - De Faro.

Рецензија на делото „Бозата ти е пријател“ (aka WTF) од Мартин

Делото блика со убаво наштелуван патриотизам, воочливо од детаљот дека Калиопи е позиционирана многу повисоко од Жељко Јоксимовиќ, а згора на тоа добива 12 евровизиски поени, што на сликата ѝ дава дополнителна доза на патриотски оптимизам. Воедно тоа ја позиционира модерната жена високо на уметничкиот пиедестал, без разлика на тоа што таа можеби слабо го владее англискиот јазик. Со ова се влева една доза на хуманост и сочуствување со човековата несовршеност.

Реклами без извини

Додека една реклама стигне до публиката, треба да ја пројде агенцијата, луѓето од маркетинг, директорот... За ова време таа станува незабавна, конфекциска и "безбедна." Сепак, некогаш "рекламџиите" сакаат да си го направат меракот.

Палачинки, од новите

Ајде сега фино лепо еснаф на палачинкари да се собере и да седнат да се договорат кој ќе почне да ги прави палачинкиве. Се викаат Harajaku палачинки, најлесно можат да се објаснат како палачинки во форма на гиро. Кога ќе се договорите пишете.

Бабата е дебела затоа што е полна со љубов

Избор од најдобрата и најефикасна терапевтска литература која постои на овој свет. Детски одговори на возрасни прашања. Чудесија e колку се подобри од нас.

Свет без 5 богаташи

Што ќе изгубеше светот, ако ги немаше овие 5 богаташи. Ок, ако ги немаше нив, ќе имаше други, ама не е тоа поентата.

Неважечка Србија

Незадоволни со понуденото изборно мени, некои српски гласачи го искористија ливчето да изразат револт, да понудат свои решенија, или пак да признаат кој им фатил око од изборната комисија.

Потрошувачката кошничка на Р.

Откако се вратил од еден деловен пат, сопругата на мојот пријател Р. му спомнала дека "треба да купи некои работи за дома". За секој случај, му го пратила списокот на меил, "да не заборави некоја ситница". Пред да тргне во поход, Р. ми го испрати списокот. Сабџектот на меилот гласеше: Ако не се вратам, одмаздете ме.

Ептен лична карта

Лице дугуљасто, очи граорасте. Да живееше пред половина век, Лукас никогаш немаше да ја отпее "Лична карта празна је". СФРЈ, 1950-та година, лична карта, тотално, тотално биометриска.

Македонски порно наслови

Македонската твитер заедница вчера беше во форма играјќи си на тема: Македонски порно наслови. Беа ејакулирани некои феноменални идеи а ние направивме избор од најдобрите. Браво бандо!

Првите 100 на Универзал

На 30-ти април Universal Pictures наполни 100 години. Ова се некои од работите кои им се имаат случувано за време на еден век.

Битките на еден спортски херој

Меси е херој, Ѓоковиќ е пример, Леброн Џејмс е надчовек... Ајде да си раскажеме една вистинска приказна за еден вистински спортски херој.