- Буџетот за "American Graffiti" бил точно 777.777,77 долари и филмот бил испорачан точно на време.
- Работниот наслов на E.T. бил "Животот на момчето."
- Зборот "dude" во "The Big Lebowski" се корсти 161 пат. Зборот "fuck" и негови варијации се користи 292 пати. The Dude кажува "man" 147 пати, што е речиси 1,5 пати на минута.
- Филмот "Buck Privates" заработил 4 милиони долари на на кино благајните, во време кога влезниците се движеле меѓу 10 и 25 центи.
- На продуцентите на "Meet the Fockers," не им било дозволено да го користат името "Focker" доколку не најдат вистински човек со тоа име.
- Ниту Мишел Родригез, ниту Џордана Брустер имаа возачки дозволи пред снимањето на "Fast and the Furious."
- Во сцените од Колосеумот во Гладијатор, само двата долни реда се полни со луѓе, другите илјадници посетители се компјутерски анимирани.
- Во 1995-та, Waterworld го собра светското внимание како најскапиот филм до тогаш. Филмот не успеа да ги извади парите на кино благајните, но затоа стигна до профит благодарејќи на продажбите на касети и дискови, и инспирираше изградба на еден од најпопуларните забавни паркови.
- Механичката ајкула во филмот "Ајкула," Стивен Спилберг ја крстил - Брус.
- Додека "Паркот Јура" бил на монтажа, Стивен Спилберг веќе во Полска работел на "Шиндлеровата листа," и со студиото во САД контактирал преку сателит, технологија која му била обезбедена од Џорџ Лукас.
- Ресторанот во филмот "The Sting" е истиот ресторан од "Враќање во иднината."