Зезалици

Поука за телекомци

Легендата вели дека Рокфелер ги продал своите акции непосредно пред крахот на берзата откако неговиот долгогодишен чистач на чевли му се доверил  дека и тој планира да купи акции.

Фори за секој ден

Нема фундаментално да ви го сменат животот, ама барем ќе ви решат некои мали глупи проблеми за кои мислите дека "ете така треба да биде тоа."

Сериозно навредливи реклами

The Chip Shop Awards е избор на најкреативната реклама на годината. Без разлика дали е прифатена од брендот за кој е правена, без разлика колку е навредлива, без разлика на се. Важна е само идејата.

Мода за шуто и рогато

Модните трендови се демократска придобивка. Проклето демократска придобивка.

Интелигенцијата е преценета?

Се проценува дека Ајнштајн имал коефициент на интелигенција од 160, Мадона 140, а Џон Ф. Кенеди имал само 119. И ниту една од овие бројки не е пресудна за успехот.

Мајсторе, претна!

Низ Лас Вегас шпарта автобус што им запира на луѓе кои претерале со пиење и им нуди целосен третман за отрезнување: кислород, инфузија, витамински инекции, лажен повик од жена ти... Еве како изгледа внатре автобусот од ЈСП Мамурлук во кој не важи правилото да седне постариот (џабе ќе го барате наш Адо на сликите, тој е профи).

Проклета декаденција

Верувале или не, постојат држави кои имаат авиокомпании и во кои таквиот превоз станал толку вообичаен што кога некој патува, не му доаѓа цела уплакана фамилија да го испрати! Во таквите земји, почнале да се занимаваат и со тоа кои се најдобри а кои најлоши седишта во авионот (хинт: авион е тоа металното што лета). 

Еден месец без шминка

Не само шминка, туку 30 дена со комплетна забрана на сите форми на женско тимарење: без креми против брчки, креми за очи, парфеми, депилација, фенирање, исправање на косата. Дозволено е само она што е потребно за најосновните хигиенски потреби. Госпоѓата е 39-годишна новинарка на Дејли Меил.

Маица за 2-ри мај

Ако сакате да друштвото да ве прогласи за цар, задолжително е да им упаднете со ваква маица. Кога по некое време ќе им ја покажете нејзината "втора фаза", автоматски се стекнувате со статус "Чак Норис на софрите".

Татко фотограф

Џејсон Ли е фотограф кој парите ги вади од сликање венчавки и невести пред свадба. Џејсон има и две ќерки. Кога не можел да ги однесе ќерките да ја видат мајка му (која била дијагностицирана со рак), Џејсон почнал да ги слика малите. И уште не престанал.

Појадок за шампиони

Пар згодни гаџети кои можат да го разубават најубавиот оброк на денот (заедно со ручекот, вечерата и сè што е помеѓу).

Жена со илјада шминки

Без да ја коментираме стартната позиција на девојкава, ќе продолжиме кон сите варијанти што таа може да ги извлече од себе. Се вика Таманг Панг и чуда може да направи од своето лице, со малку вештачки трепки и шминка.

Коце, глеј ваму

Ние не се возиме, железничарите стално неплатени, објектот е ругло. Што може да се направи од едни пруги кои никого не го прават среќен?

Ако не сте знаеле

Луѓето со сини очи имаат повисока толеранција на алкохол.

Нил Патрик Харис е претседател на Академијата за магија.

Шекспир го измислил името Џесика.

Жива е!

Се вика Валерија, во душа е Словен а по шасија Пластика. Една од оние девојки кои нема да ви се намрштат ако и речете: Женска, кукла си. Не затоа што е феминистка, туку затоа што и е тешко да се мршти.

Човек, како ситно тоа звучи

Во војна, луѓето се користат како топовско месо. Во уметноста - како пиксели. Барем во концептот на Крег Ален кој прави прави портрети на познати ликови од поп културата.

Фискална магија

Дојран, мало место, сите во долгови до гуша. Туристичка сезона слабо, никој ни доаѓа ни најавува дека ќе дојде.

Одеднаш, за Велигден, во пансионот на Блажо се појавува Американец!

Најмалата ИКЕА на светот

Ве носиме во најмалата продавница на ИКЕА. Во неа собрало точно 2.800 производи. Се простира на површина од 300 на 250 пиксели. Нејасно?