Зезалици

Спасоносно однесување

Еве што може да се случи кога жена тотално непотребно го влечка со себе во шопинг својот дечко/маж. Писмо од еден британски хипермаркет до нивна корисничка од Оксфорд.

Sworly

Нешто слично на Pinterest, ама направено за музика. Гледате што музика објавиле другите, објавувате вие што сакате, бирате што ви се допаѓа, правите листи. Се со многу сликички и многу ЈуТјуб.

Холивуд со брада

Како што Фотошоп може непоправливо да разубави некоја девојка, подеднакво лесно може и да ја направи во циркуски фрик од 19-ти век. За да не мора пред и потоа фотографии, ликовиве ви се веќе познати.

Најдете 7 разлики

Само клик ве дели од еден ментален предизвик кој ќе ја тестира вашата способност да се фокусирате и да ја контролирате својата перцепција.

Животни што се разочарани од тебе

Ова обично не го правиме, ама ова не може да се издржи. 27 животни што ги имате длабоко разочарано.

Како големите брендови ги добија имињата

Кај нас е лесно, "Маврово" го добива името по браната во Маврово, Кенан по Кенан, Скопска пивара по тоа што е скопска, а истото важи и за прилепска и битолска. Ресторан Влае во Карпош 3, уште останува мистерија.

Оригинал тебешко

Кинеските вештини да прават лажни копии на познати брендови не завршува со Adibas, Sonia или Fuma. Сега почнале да фејкаат и месо.

Знаци крај патот

Добар дел од македонските копирајтери би можеле да уплатат курс кај некој од следниве клошари и автостопери. Или за занает или за искреност.

Ви се вапца?

Баш е православно кул да станеш в зори (во четврток беше тоа?) и домашните да те најдат како го правиш Кени од Саутпарк. Ако старите велигденски дизајни ви се помалку здодевни и сте подготвени годинава да вапцате јајца со мотиви од поп културата, елајте.

Равнајс!

За секој што е, или познава некого кој е опсесивно - компулсивен. За сите оние нередот им личи на хаос и секогаш и секаде пробуваат да ја средат околината под конец. Ѕирнете колку би изгледал досадно нашиот свет кога таквите би победиле.

Наши барања до таксистите

На илјадници граѓани на Скопје, без правење колони низ Центар и блокирање на сообраќајот, со текот на годините и поминатите километри, им се насобраа неколку барања до таксистите. До сите нив, и диви и питоми.

Оди па кидни им

МВР најави дека ќе ја смени ергелата остарени Крајслери. Да молиме бога да не купат нешто вакво.

Поинаква кино димензија

Не е сè во 3Д -то. На Тајланд имаат едно обично дводимензионално кино со најнормално платно и пристојни седишта. И местоположба од која течат лиги.

Секојдневни гревови од библиски размери

Не, не се работи за прекршување на 10-те божји заповеди. Тоа е лесно. Има други работи, фино лепо стои таму во Библијата. Па, ако сте расположени да проверите колку гревови правите секојдневно, знајте дека кликањето на 'повеќе' не е еден од нив.

Какви се шансите?

Некој ќе лапа 640 милиони долари колку што изнесуваше рекордната лото добивка во САД (изгледа тројца ќе ги делат парите). Статистички, шансата да се добие оваа премија изнесуваа 1 на 176 милиони! Што сé е поверојатно да му се случи на еден Американец?

За чашата

Оптимистот: чашата е полуполна. Песимистот: чашата е полупразна. Реалистот: Чекајте бе луѓе, не ве разбирам:

Конобар нас мрзи

Си имате работа со спор, досаден, никако да погледне наваму, добро бе, работи ли некој овде - келнер? Еве начин како да му ја наплатите лошата услуга а тој формално - правно ништо да не ви може. Освен ако не е појак од вас :)

CV-то на Да Винчи

Oтприлика кога имал 32, Леонардо се пријавил за работа на дворот на Лудовико Сфорца,тогашен неформален владетел на Милано. Сакајќи да му гo задоволи вкусот, на идниот работодавач му испраќа писмо CV во кое ги форсира своите инжинерски знаења, а за уметноста, онака, некаде при крај, ако има време.