Семафорите се урбани симболи прилично инертни на дизајнерски промени. Она со бројките не е лошо, ама ова е уште подобро. Нормално, додека нема гола женска на нив, пак ќе има абдали кои забораваат на тргнат на време.
После онакви балкански војни кои ги преживеавме, картографијата не ни е баш омилената дисциплина. Сепак, ова може да е прилично интересно. Стари карти, од пусто античко, пусто турско па до пусто југословенско.
* Кога настанува проблем, секогaш се појавува човек кој го гледа решението и е подготвен да ја презеде командата. Најчесто, тој човек е луд. * Постои време кога треба да престанеш да се надеваш дека луѓето се возбудуваат околу твојот роденден. Тоа време е кога имаш 11 години. * Главното постигнување на речиси сите организирани протести е нервирањето на луѓето кои не се дел од нив. * Човек кој е фин со тебе ама е груб со келнерот, не е фин човек.
Кога на еден стар Индијанец му ја објасниле шемата со зимско/летно сметање на времето, рекол: "Само Влада може да верува дека ако исече едно парче од горниот дел на ќебето и го сошие на долниот дел на ќебето - ќе добие подолго ќебе". Во продолжение, пар досетки од Твитер.
Сит човек на гладен не верува. А гладен на табели уште помалку. Сепак, еве една научна табела на видови храна, подредени по тоа колку ви даваат чувство на ситост (по изедени 240 калории од секоја). Дилемата е: колачи или банана? Нашиот одговор е: да, може.
Едно (урбано) прашање кое ретко кој не си го поставил: Доколку се најдам во лифт кој се откачил и почнал слободно да паѓа, која позиција најмногу ми ги зголемува шансите за преживување? Одговара професор од МИТ.
Њузвик им го посвети своето последно издание на Mad Men и на почетокот на 5-та сезона. На страна што Mad Men ја доби насловната и интервју на неколку страни, туку и рекламите во списанието се адаптирани во стил од 60-те.
По подолги анализи, Министерството за шумарство на РМ пронајде лого, преку кое на секој човек треба да му стане совршено јасно дека главната дејност на институцијата и' се - дрвата.
Републиканците бираат човек кој на следните избори ќе му се спротивстави на Барак Обама. Еден од главните јастреби во таа арена е Рик Санторум. Еве што треба да знаете за неговата политика.
И суперхеројот на Словачка прави се што може да им помогне на своите сограѓани. Исто како и вистинскиот Бетмен, и тој изгледа опасно кога ќе ја стави својата маска и ќе се шмугне во темнината на ноќта. Да ве запознаеме подетално.