Канта

Уганда не се срами да провери

Затоа што кога е безбедност во прашање никогаш не можеш да бидеш доволно темелен, без разлика колку ти е незгодно (или не).

Ќерка на татко

Серија слики од инстаграмот на уметничката Снежана Суш, за врската меѓу татковците и ќерките (или барем за нејзината врска со татко и).

Токио 2020, Олимпијада на иднината

Токио ко Токио, нормално дека ќе има роботи на Олимпијадата и тоа некако природно ти доаѓа, делот со пцуењето доаѓа кога ќе дознаеш дека Олимпијадата ќе се пренесува во 8К квалитет (како ХД-то докторе?), а до тогаш низ Токио треба да биде поставена 5Г мрежа за мобилен интернет.

Која е вашата песна за трчање?

Освен сериозните филозофски резерви кои ги предизвикува (од типот: чему тоа?), трчањето во себе има една вградена фабричка мана - што е досадно. Освен ако не трчате по топка или не бегате од лав. Викаат, музиката помагала и околу досадата и околу постигнувањето подобри резултати. И ете сега постои сервис кој ќе ви помогне да ја одберете вистинската песна додека трчате.

Зошто власта треба да ги легализира сите дроги

Преземен од Србија, ама искуствата не се далечни. Аргументот е дека се што ти треба во борбата против дрогата е да ги натераш нарко-дилерите да отворат фирма, после само остај му на системот нека меле.

Туристички патувања, очекување vs. реалност

Или, глупи туристи што не ме оставаат на раат да бидат турист.

Се бара жена со струк А4

За да ги направат љубоморни своите западни посесетрими кои се утепаа од јадење здрава храна што не дебелее, Кинески започнаа да е сликаат со парче хартија пред себе. И тоа стана вирално и сега, ако сте од женски род (или се чувствувате така), барајте лист А4. 

Крајот на сите филмови

Хипотезата е дека "Walk of life" од Дајр Стрејст е совршен крај за кој било филм, без разлика на жанр, период и глумци. Нормално, тој што ја поставил хипотезата фатил и да ја тестира.

Каде се бушоните од ФБ?

Веќе имавме еден регионално- православен повод за ваков крик но глобалната Фејсбук каца е поширока па да загребеме и надвор, со една збирка постови од луѓе какви што не мораше да знаеме дека постојат.   

Искрен оглас на денот

Се продава Фолксваген Лупо 1,3 со пројдени 192.000 километри. Произведен 2000-та. Го возела жената на авторот, а го купил од колегата шупак.

Пар работи за богатството на Ворен Бафет

Не само што богатството на Ворен Бафет е импресивно туку е уште поимпресивно колку долго тој успева да ја победи берзата. Во 43 од 46 години тој и неговата компанија е подобра од индексот S&P 500. И затоа денес неговиот новчаник изгледа вака.   

Непомирените

Кратка фото галерија од мажи кои не можат да се помират со фактот дека немаат коса ко некогаш. Па пробуваат да го маскираат проблемот со таканаречени "coast to coast" и слични досетки од фризури. И онда се гледа во огледало и вика, е сега е добро!

Мапа на неглавни главни градови

Постојат официјални градови на држави, но има и тн. „светски главни градови" кои се славни или озлогласени заради некој производ или обичај.

Споменици и луѓе

Лесно е да се заебаваш со споменици кога тие имаат нормална димензија. Оди качи се на коњон наш да те видам.

Сообраќаен знак на денот

Во Стокхолм, Шведска, знак за опасност: Наидување на пешаци кои зјапаат во своите мобилни (се одговара како за луѓе).

Патувавме, патувавме, до Париз

Котори Кавашима е јапонски фотограф кој одлучува да прави репортажа за патувањето од едно село во Јапонија до Париз. Главен лик во репортажата е 4-годишната ќерка на еден негов пријател и како таа го открива светот надвор од нејзиното село. Ова се дел од сликите од книгата од патувањето што ја објавува Кавашима - Mirai Chan.